Connect with us

НБРМ

НБРМ ќе го унапредува начинот на кој врши супервизија на деловните банки во РМ

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница, на која беше разгледана и донесена Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. Со донесувањето на оваа одлука се овозможува натамошно унапредување на начинот на кој Народната банка врши супервизија на деловните банки во Република Македонија и надзор на работењето на лица поврзани со деловна банка, на други лица во банкарска група и на друштво за помошни банкарски услуги.

Истовремено, со Одлуката се врши приближување на супервизорската практика на Народната банка до практиката којашто се применува од страна на Европската централна банка и од страна на националните супервизорски органи од Европската Унија коишто се членки на единствениот супервизорски механизам.

Во согласност со стратегиската одлука на Народната банка за издавање книжни пари изработени од полимер, на седницата, Советот донесе Одлука согласно со која од 15 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек книжни пари изработени од полимер, во апоени од 10 и 50 денари. Истовремено беше донесена и Одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари коишто се во оптек од 8 септември 1996 година, а се употребуваат и во моментов. Согласно со оваа одлука, на денот кога ќе бидат пуштени во оптек книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, изработени од полимер, книжните пари со истата апоенска вредност, коишто се во оптек од септември 1996 година престануваат да бидат законско средство за плаќање. Нив, правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари со еквивалентен износ. Замената на книжните пари, од 15 мај годинава до 15 мај следната година, ќе ја вршат деловните банки основани во Република Македонија, а по овој период, замената ќе се врши во Народната банка.

Советот донесе и Одлука согласно со која почнувајќи од 15 април годинава ќе бидат пуштени во оптек ковани пари во апоен од 2 денари, со ознака на ковање „2018″. Со пуштање во оптек на овие ковани пари во готовинскиот платен промет на Република Македонија, во важност ќе бидат, паралелно, и кованите пари во апоен од 2 денари издадени претходно. На седницата беше донесена и Одлука согласно со која од 2 мај годинава ќе бидат пуштени во оптек и книжни пари во апоен од 100 денари, со ознака за печатење „МАЈ 2018″, по што во важност ќе бидат, паралелно, и книжните пари со истата апоенска вредност издадени досега.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange