Connect with us

НБРМ

НБРМ ја одбележа 25 – годишнината од монетарното осамостојување

Објавено

на

Во Народната банка вчера се одржа свеченост по повод 25-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Македонија.

На вчерашен ден, пред точно 25 години, Собранието на Република Македонија ги донесе основните законски акти со кои се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народна банка на Република Македонија, како монетарна власт на независна и суверена Македонија.

“Веќе 25 години, Народната банка стои цврсто на заложбите за одржување на ценовната стабилност, како и за здрав и стабилен банкарски систем, што повратно придонесува за нејзиниот кредибилитет кај широката јавност. Шоковите со кои се имаме соочено низ времето стимулираа поголема флексибилност и ги зголемуваа видиците и способноста за понавремено делување и соочување со секоја следна непредвидена ситуација. Исто така, постојано се води сметка за јакнење на институционалниот капацитет во контекст на динамичното глобално окружување, трендовите во финансиската сфера и сѐ покомплексните задачи” – истакна во пригодното обраќање гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов.

“Централната банка, има современ монетарен инструментариум, развиено макроекономско проектирање, современ систем на управување на девизните резерви, функционален и надграден (двовалутен) платен промет, богата статистичка база, развиена истражувачка активност, супервизија базирана врз ризици, современа банкарска регулатива согласно со базелските и европските барања, примена на стандарди во сите делови од работењето”.

“Со право може да се каже дека денес НБРМ ужива углед во централнобанкарските кругови. Воедно, политиките и мерките на Народната банка се позитивно оценети од меѓународните финансиски институции” – додаде Богов  искажувајќи спремност за опстојување и справување со сите идни предизвици.
Продолжуваме, кажа гувернарот, со отпочнатите проекти и реформи во работењето, на тој начин придонесувајќи кон јакнењето и осовременувањето на економијата.

“Продолжуваме да функционираме како независна, транспарентна и општествено одговорна институција, која со целиот свој интелектуален капацитет, останува отворена за соработка со сите други субјекти во доменот на своите надлежности, а во насока на натамошен развој на банкарскиот, финансискиот систем и економијата во целина” – истакна гувернерот на НБРМ, Богов.

Монетарното осамостојување на Македонија, потсети тој, се случи многу брзо по историскиот референдум за независност и донесувањето на Уставот на Република Македонија, и заедно со изработката на стабилизациската програма, претставуваа главни економски приоритети на првата македонска експертска влада, кои требаше да ги постават основите за изградба на новиот пазарен систем. Монетарното осамостојување на македонската економија се одвиваше во исклучително тешки економски околности на наследени проблеми и нови предизвици, стеснување на пазарот, прекин на дотогашните трговски односи во услови на војна во дел од поранешната федерација и санкции на ОН кон тогашната СР Југославија.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Објавено

на

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти

Објавено

на

Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е соодветно поставена да одговори на нагорните инфлациски движења

Објавено

на

Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. (more…)

Продолжи со читање


Популарно