Connect with us

НБРМ

НБРМ ја објави публикацијата „Паметно управување со парите – водич за личните финансии”

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја информира јавноста дека ја објави публикацијата „Паметно управување со парите – водич за личните финансии”. Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да и ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели.

Поконкретно, во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн. Истовремено, во водичот е објаснета и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.

Народната банка ја подготви публикацијата во соработка со институциите коишто учествуваат во Координациското тело за финансиска едукација во Македонија: Министерството за финансии на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, како и во соработка со Сојузот на микрофинансиски институции.

Се очекува дека овој водич ќе придонесе за поголема едуцираност на поединците и домаќинската во Република Македонија за управувањето со личните финансии. Народната банка и натаму ќе извршува активности коишто придонесуваат за подигнување на нивото на финансиска писменост на населението.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, денес и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ со поддршка од НБРМ: Oддржана меѓународната веб-конференција „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”

Објавено

на

Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”, на која учесници беа вработени и раководители во одделите за платни системи и платежни услуги на повеќе централни банки и други финансиски институции на земји од Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange