Connect with us

НБРМ

НБРМ: Учество на гувернерката на дебатен форум организиран од Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“

Објавено

на

Во чест на конститутивната седница на деканската управа на Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ – Скопје, на 18 октомври 2018 година се одржа дебатен форум на тема „Перспективите за младите лица од полноправното членство на земјата во НАТО и ЕУ ‒ влијанија врз монетарната политика, бизнисот и пазарот на капитал“. На овој форум, свое излагање имаше и гувернерката на Нaродната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во коешто укажа пред сѐ на ефектите од процесот на пристапување и од влезот во Европската Унија врз монетарната политика и работењето на централната банка. Во својот осврт, гувернерката посочи на важноста на Европската Унија, како институционално, економско и политичко сидро за целиот регион.

Притоа, таа се осврна на два аспекта. Првиот аспект е прашањето за влијанието на членството во ЕУ врз економијата во целина, а со тоа и предизвиците со коишто би можеле да се соочиме како еден од носителите на макроекономските политики. Вториот аспект го задира прашањето на ефектите од членство во монетарната унија, бидејќи економската интеграција е чекор кон монетарната интеграција и усвојувањето на еврото како единствена валута. На крајот, гувернерката заклучи дека предизвиците за централната банка од овој процес се повеќедимензионални ‒ макроекономски, институционални и оперативни.

Таа истакна дека за побрза интеграција и реална конвергенција е неопходен силен институционален капацитет и свесност на сите носители на политики за потребата од прудентни економски политики коишто ќе овозможат ефективно искористување на големите придобивки што ги нуди членството во Европската Унија.

Целосниот говор на гувернерката можете да го прочитате тука.

НБРМ

НБРМ во соработка со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ: работилница за управување со податоците за статистички потреби

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Излагање на гувернерката на НБРМ на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Објавено

на

На претставувањето на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржа вчера, во Копенхаген, Данска, излагање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, м-р Пер Калесен, изнесоа свои видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, откако за главните наоди и согледби претставени во него, најпрво говореше директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, м-р Пол Томсен. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација во земјава со наслов „Заработете и штедете“, којашто од денес е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на НБРМ, како Windows и Android-апликација. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange