Connect with us

НБРМ

НБРМ: Усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во вториот квартал од 2018 година. Притоа, беше потенцирано дека во второто тримесечје од годинава, банкарскиот систем ја задржа и ја зацврсти својата стабилност. Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека забрза растот на активностите на банкарскиот систем, а профитабилноста забележа натамошно подобрување. По остварениот сезонски пад во првото тримесечје од годината, во вториот квартал од 2018 година, во услови на натамошно умерено олеснување на кредитните услови, кредитната активност на банкарскиот сектор оствари квартален раст од 2,7%. Поголем придонес кон растот на активноста на кредитниот пазар имаше секторот „домаќинства“, но и кредитирањето на корпоративниот сектор беше исто така солидно и имаше значителен придонес кон кварталната промена на кредитната активност. Растот од 2,5% кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес и на депозитите на домаќинствата. 

Во вториот квартал од годинава, според усвоениот извештај, кварталниот раст на нефункционалните кредити изнесуваше 2,1% и беше повеќе присутен во корпоративното кредитно портфолио на банките. Кварталниот раст на нефункционалните кредити на домаќинствата се забрза до нивото од 3%, за што најголем придонес дадоа потрошувачките кредити одобрени на подолги рокови. Поради солидниот раст на кредитната активност на банките, учеството на нефункционалните во вкупните кредити во второто тримесечје од годината не се промени во однос на претходниот квартал и изнесува 5,1%.

Според податоците и согледбите презентирани во Извештајот, и во вториот квартал од 2018 година, показателите за ликвидноста на банкарскиот систем се одржаа на стабилно ниво, при што ликвидните средства учествуваат со околу една третина во вкупните средства на банките, покривајќи повеќе од половината од краткорочните обврски и близу 60% од вкупните депозити на домаќинствата. Во првото полугодие од годинава, добивката на банкарскиот систем и натаму се зголемува, а стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви достигнаа солидни нивоа, од 2,4% и 21,3%, соодветно. Подобрата профитабилност на банкарскиот сектор најмногу произлезе од наплатата на претходно резервирани побарувања и продажби на преземен имот заради ненаплатени побарувања. 

Во усвоениот извештај, меѓу другото, е одбележано и дека солвентноста на банкарскиот систем бележи мало подобрување, при што стапката на адекватноста на капиталот достигна 16,5% . Подобрувањето на показателите за солвентноста најмногу произлегува од зголемувањето на капиталните позиции, заради реинвестирање на добивките, и покрај позначителниот раст на активностите на банките.

Директните изложености на банкарскиот систем на валутен ризик и ризик од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности се сѐ уште мали и учествуваат со 6,5% и 4,9%, соодветно, во вкупните сопствени средства. Сепак, со позначителната застапеност на кредитите со валутна компонента на домаќинствата и нефинансиските друштва, се издвојува значењето на валутниот ризик за нивната стабилност и следствено, за стабилноста на банките, за што суштински предуслов претставува политиката на стабилен девизен курс на денарот во однос со еврото.

На седницата, Советот ја разгледа и ја донесе и Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителна резерва, во која измените се однесуваат на задолжителната резерва за деловните банки, којашто се одржува во евра. Со усвоените измени кај системот на задолжителната резерва, НБРМ, како и повеќе други централни банки, од ноемврискиот период ќе започне со утврдување надомест на задолжителната резерва во евра, при што висината на надоместот ќе биде директно поврзана со каматната стапка на расположливиот депозит преку ноќ на Европската централна банка. Воедно, согласно со оваа одлука, се менува и пресметката на надоместот што банките го плаќаат на вишокот издвоени средства над задолжителната резерва на девизната сметка во евра во МИПС, при што тој ќе се утврдува по стапка еднаква на каматната стапка на расположливиот депозит преку ноќ на Европската централна банка, намалена за 0,15 процентни поени.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност

НБРМ

НБРМ во соработка со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ: работилница за управување со податоците за статистички потреби

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Излагање на гувернерката на НБРМ на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Објавено

на

На претставувањето на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржа вчера, во Копенхаген, Данска, излагање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, м-р Пер Калесен, изнесоа свои видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, откако за главните наоди и согледби претставени во него, најпрво говореше директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, м-р Пол Томсен. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација во земјава со наслов „Заработете и штедете“, којашто од денес е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на НБРМ, како Windows и Android-апликација. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange