Connect with us

НБРМ

НБРМ реализира проект за електронско банкарство

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија во континуитет реализира проекти во насока на повисок степен на дигитализација на македонското општество. Во тие рамки, Народната банка реализира проект за електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи. 

Целта на проектот е зголемување на квалитетот и ефикасноста на услугите, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции.

 

За промоција и запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации, на коишто присуствуваа околу 260 претставници од над 90 државни институции од централната и локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот кој овозможува побрз проток на документи и информации преку електронско доставување на налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување на барања за подигање и враќање на готовина.

 

Новата услуга на Народната банка ќе биде достапна од април 2017 година, а истата нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.

 

Со реализацијата на овој проект, Народната банка ја потврдува заложбата за дигитализација на домашната економија како стратешка определба на Република Македонија за приближување кон Европската Унија во оваа област.

НБРМ

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење

Објавено

на

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ја задржа основната каматна стапка непроменета, на нивото од 2,50%

Објавено

на

На 9 август  2022 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и за глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно