Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

НБРМ реализира еднодневна работилница за ФинТек

Објавено

на

Вчера, Народната банка на Република Македонија, со поддршка од Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) реализира еднодневна работилница за финансиската технологија – ФинТек. Целта на оваа работилница е подетално запознавање на дел од стручните лица од централната банка со оваа нова финансиска индустрија, како и анализирање колку е актуелно ова прашање во глобални рамки и какви се досегашните искуства на земјите каде што има развиена ФинТек индустрија и во земјите во развој.

Како што истакна гувернерот на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во нејзиното воведно обраќање, иако во континентална Европа, ФинТек-компаниите сочинуваат само мал дел од пазарите за банкарство, платежни услуги и управување со средства, сепак, тие се во пораст, бидејќи брзо влегуваат на пазарите и се натпреваруваат со банките. Според Индексот за прифаќање на ФинТек, една третина од потрошувачите користат најмалку две или повеќе ФинТек-услуги и стануваат сѐ повеќе свесни за ФинТек како дел од нивниот секојдневен живот. Со евалуација на услугите коишто ги нудат ФинТек-организациите во пет широки категории – трансфери на пари и платежни услуги, алатки за финансиско планирање, заштеди и инвестиции, позајмување и осигурување, Индексот покажува дека трансферите на пари и платежните услуги продолжуваат да бидат водечки во промената остварена преку Фин-Тек. Ова е сигнал дека и централните банки треба катадневно да се интересираат за случувањата коишто произлегуваат од развојот на оваа финансиска технологија и да го едуцираат својот кадар, за да биде подготвен за новите предизвици на глобално ниво, бидејќи како што потенцира гувернерот Ангеловска-Бежоска, брзиот пораст на ФинТек-организациите создаде многу дилеми, меѓу кои, клучна е дилемата кои се придобивките што ФинТек ги носи во општеството, од една страна, и кои се ризиците што ФинТек ги создава, од друга страна.

„Темата ФинТек добива се поголемо внимание во централнобанкарската заедница, вклучително и во нашата централна банка. Ние, внимателно го следиме развојот на ФинТек, проценувајќи ги придобивките и ризиците што тие ги носат и се обидуваме да го постигнеме оптималниот бенефит, имајќи го предвид локалниот контекст. Важен чекор во оваа насока е нацрт-законот за плаќања, кој се очекува да обезбеди импулс за нови иновативни компании со иновативни, но безбедни финансиски услуги” – истакна гувернерот Ангеловска-Бежоска во завршницата на нејзиното обраќање.

Неколкучасовната работилница ја водеше, г. Џеј Тикам, експерт во областа на ФинТек, којшто има дваесетишестгодишно работно искуство во областа на комерцијалното работење, од кое, дваесет и две години работи во сегментот на финансиските услуги. Акцентот на неговата презентација беше на согледување и анализирање на ФинТек од позицијата на централните банки, при што на стручните лица од Народната банка им пренесе и бројни искуства и ставови на други централни банки од Европа. Во вториот дел на работлницата се водеше плодна дискусија во којашто партицпираа стручните лица од Народната банка чие работење има допирни точки со проблематиката на ФинТек.

Оваа работилница е само еден од многуте проекти коишто Народната банка ги реализира со поддршка од Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ), којшто е долгогодишен партнер на нашата централна банка во доменот на финансиската едукација.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на тркалезна маса со Тао Жанг од ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса со Тао Жанг, заменикот на директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, којашто се одржа во неделата, во Дубровник, Хрватска. Настанот беше организиран во рамки на втората заедничка конференција на Хрватската народна банка и ММФ, насловена „Демографијата, вработувањето и растот: Управување со иднината во Централна, Источна и Југоисточна Европа“, на којашто учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии од регионот, претставници на Светската банка, Европската комисија, Банката за меѓународни порамнувања и на други меѓународни институции, како и угледни експерти од универзитетите во Оксфорд, Лондон и Тарту. Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Преддоговорни информации кај потрошувачкиот кредит: преглед на понудените кредитни услови

Објавено

на

Како и во секој договор, и во договорот за потрошувачки кредит се содржани одредби за правата и обврските на договорните страни ‒ банката и должникот. Со цел да се посвети поголемо внимание на договорните обврски од двете договорни страни, законодавецот или регулаторот зависно од видот на правниот пропис, најчесто пропишува задолжителна листа со вообичаени преддоговорни информации коишто банката е должна да му ги даде на должникот уште пред склучувањето на договорот. Овие преддоговорни информации треба да овозможат подобро согледување на идните обврски и осврт на сите битни прашања за кредитот. Преку изработка на посебен формулар со преддоговорни информации и негово доставување до клиентот се овозможува подобра информираност при носењето на одлуката за склучување договор за кредит, што претставува една од најчесто користените светски практики во доменот на финансиската едукација. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Конкурс за доделување годишна награда на Народната банка на Република Северна Македонија за 2020 година

Објавено

на

Заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри, Народната банка на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Народната банка) доделува Годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange