Connect with us

НБРМ

НБРМ: Раст на побарувачката на кредити од корпоративниот сектор и намален интерес за кредити од секторот домаќинства

Објавено

на

Централна Банка

Кредитната активност на банкарскиот сектор оствари раст во текот на вториот квартал од годината, при што поголем придонес кон растот на активноста на кредитниот пазар имаше секторот домаќинства. Сепак, во текот на второто тримесечје, кредитирањето на корпоративниот сектор беше, исто така, солидно и имаше висок придонес кон кварталната промена на активноста на кредитниот пазар. На годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал достигна 6,3% и ги надмина очекувањата од априлската проекција (4,1%), се нотира во Кварталниот извештај на Народната банка на РМ кој е доставен во Собранието на Република Македонија.

Остварувањата на кредитниот пазар во вториот квартал од годината главно се во согласност со резултатите од Анкетата за кредитната активност. Од аспект на побарувачката, резултатите од Анкетата упатуваат на натамошен раст на побарувачката на кредити од корпоративниот сектор, при истовремено намален интерес за кредити од секторот домаќинства.

Од аспект на понудата, Анкетата покажува натамошно умерено олеснување на кредитните услови, при што зголемената конкуренција во банкарскиот сектор, како и здравата солвентна и ликвидносна позиција на банките и понатаму се фактори коишто имаат поволно влијание врз условите на кредитирање. Исто така, како фактор за натамошно олеснување на кредитните услови во овој квартал се посочуваат и очекувањата за поповолни придвижувања на економската активност во второто тримесечје.

Во однос на изворите на финансирање, во вториот квартал беше забележан забрзан раст и на депозитната база, со што годишниот раст на вкупните депозити кон крајот на јуни достигна 10,5%, што е исто така над проекцијата (од 7,4%). Забрзувањето на растот кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес на депозитите на домаќинствата.

Се очекува дека позитивните трендови кај депозитната база на банките ќе продолжат и во следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, кој според априлската проекција во следните две години би се движел помеѓу 6,5% и 7,7%.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange