Connect with us

НБРМ

НБРМ пушти во оптек нова серија ковани пари за колекционерски цели „Православни светци“

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек новата серија ковани пари за колекционерски цели „Православни светци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18).

Серијата ги содржи кованите пари „Св. Никола Чудотворец“, „Св. Серафим Саровски“, „Св. Сергиј Радонежски“ и „Св. Пантелејмон“, кои ги имаат следниве карактеристики:

–      На аверсот, во централниот дел на секоја од кованите пари е прикажан грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање „2018“. Во горниот дел на аверсот е наведена деноминацијата „10 денари“, а во долниот дел е името на земјата што ја издава кованата пара ‒ „Република Македонија“. На двете страни по должината на вертикалните рабови има цветен украс.

–      На реверсот, во централниот дел на секоја од кованите пари се наоѓа портрет на светецот чие име го носи, со испечатен златен ореол и украс на основата. Над портретот се поставени два кристала „сваровски“. По должината на вертикалните рабови е испишано името на светецот чиј портрет се наоѓа во централниот дел на парата. Во долниот лев агол е испишана ознаката „Аg 925“.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 7 г, чистота на среброто од 6,48 г, во правоаголна форма со димензии 17 х 24 мм, полирани се со тампон печатење со златна прашина и содржат кристали „сваровски“.

Цената на секоја од кованите пари за колекционерски цели од серијата „Православни светци“ изнесува 1.500,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на НБРМ во делот „Ковани пари за колекционерски цели“.

НБРМ

Објавен конкурсот за учениците по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Известување за 30. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Централна Банка

Ве известуваме дека на 30. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 26 септември 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • „Финансирање на малите и средните претпријатија преку банкарскиот сектор во Република Македонија ‒ резултати од анкетно истражување“,  од авторите Тања Јакимова и Неда Поповска-Камнар и
  • „Трансмисискиот механизам на монетарната политика во Македонија преку каналот на преземање ризици: наоди од податоците од Кредитниот регистар“, од авторите Мите Митески, Ана Митреска и Михајло Васков.

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Продолжи со читање

НБРМ

Редовна аукција за продажба на благајнички записи

Објавено

на

На 12 септември 2018 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 2,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 октомври 2018 година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange