Connect with us

НБРМ

Регулаторните институции се состанаа со цел утврдување на нивото на финансиска писменост на населението

Објавено

на

Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа состанок на претставници на регулаторните институции во државава, коишто учествуваат и во Координациското тело за финансиска едукација – Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизја на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

На состанокот беа презентирани резултатите од мерењето на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во државата, коешто Народната банка го спроведе неодамна со финансиска поддршка од Европскиот фонд на Југоисточна Европа. Мерењето беше спроведено во соработка со агенцијата ГФК. Прашалникот којшто беше користен при мерењето беше приспособен на национално ниво, а репрезентативниот примерок од возрасното население 18+ беше составен од 1100 испитаници со демографска структура којашто овозможи соодветна застапеност на сите региони во Република Македонија. Одговарањето на прашалникот беше спроведено со директна комуникација со испитаниците, лице в лице. Добиените резултати од мерењето се меѓународно споредливи, бидејќи прашалникот и севкупното мерење беа спроведени во согласност со методологијата на Меѓународната мрежа за финансиска едукација (ИНФЕ) при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Добиените резултати од мерењето, како што беше потенцирано и на состанокот, не само што им овозможуваат на регулаторните институции јасна и целосна слика за нивото на финансиската писменост на возрасното население коешто живее во Република Македонија, туку, меѓу другото, претставуваат и една од основите за планирањето и опфатот на дел од нивните натамошни активности, а особено во сферата на финансиската едукација на возрасното население. Резултатите ја потврдуваат потребата од конкретни политики, проекти за финансиска едукација и поголем број едукативни активности. На состанокот се водеше и плодна, сеопфатна дискусија од која произлегоа повеќе предлози за можни заеднички проекти со коишто би се подобриле политиките за финансиска едукација во државава.

НБРМ

Првичен сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија

Објавено

на

НБРМ има чест и задоволство да и го претстави на јавноста првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15 мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ во оптек ги пушта првите полимерни банкноти

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија за првпат воведува полимерни банкноти. Банкнотите изработени од полимер, со апоенска вредност од 10 и 50 денари, на 15 мај годинава влегуваат во оптек. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Започна Седмата годишна истражувачка конференција на НБРМ

Објавено

на

Денес, во Охрид започна Седматa годишна истражувачка конференција на Народната банка на Република Македонија, насловена како: „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange