Connect with us

НБРМ

Советот на НБРМ го усвои најновиот Квартален извештај

Објавено

на

Централна Банка

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај. Притоа, уште еднаш беше истакнато дека и последното намалување на основната каматна стапка во текот на минатата година е извршено во услови на поволна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти. Повторно беше потенцирано дека и ова монетарно олабавување е соодветно на постојните економски и финансиски услови, при здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи во економијата.

При разгледување на Извештајот, на седницата беше заклучено дека споредбата на последните макроекономски показатели со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции не упатува на позначителни отстапувања во одделните сегменти од економијата. Согласно со објавените проценети податоци за БДП, економската активност во третиот квартал на минатата година бележи раст од 3%, што е нешто повисок од проектираниот во октомвриските проекции. Ваквото нагорно отстапување главно се должи на повисокиот раст на извозот, односно поповолната нето извозна побарувачка, како и на повисокиот раст на јавната и личната потрошувачка во однос на очекувањата од октомвриските проекции, додека падот на бруто-инвестициите е поголем од очекуваниот. Годишниот раст на БДП во третиот квартал на 2018 година беше поддржан и од нето-извозот и од домашната побарувачка. Податоците за билансот на плаќања во тој квартал упатуваат на подобри остварувања кај тековните трансакции во однос на планираните, додека тековите во финансиската сметка имаа нешто послаба реализација од очекуваната.

Советот воедно констатира дека тековно расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал на минатата година упатуваат на продолжување на поповолните движења во економијата, проследени и со поволни очекувања за растот на индустријата. Воедно, одредени индикатори упатуваат и на подобрување на секторот „градежништво“ во споредба со претходниот дел од годината. Личната потрошувачка забележа зголемување. Поволни движења се забележани кај вкупните инвестиции, што се должи на инвестициите на приватниот сектор, додека номиналните податоци упатуваат на потенцијално мало проширување на трговскиот дефицит во четвртиот квартал во однос на истиот период од минатата година. Последните расположливи податоци за бруто девизните резерви за четвртото тримесечје на 2018 година упатуваат на квартален раст, наспроти умерениот пад очекуван со октомвриските проекции. Според сите показатели за нивна адекватност, тие и натаму се одржуваат во сигурната зона.

Истовремено, на седницата беше нагласено дека во последниот квартал од минатата година дојде до забавување на годишниот раст на домашните цени, од 1,6% во третиот, на 1,2% во четвртиот квартал. Ова забавување е одраз на побавниот раст на цените на енергијата согласно со движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на светските пазари, како и на забавеното движење на базичната инфлација. Од друга страна, кај прехранбената компонента на инфлацијата е забележано мало забрзување на растот. За целата 2018 година стапката на инфлација изнесуваше 1,5%, во најголем дел како резултат на поместувањата кај базичната компонента, а во помал дел од позитивниот придонес на енергетската и прехранбената компонента.

Во рамки на дискусијата за усвоениот Извештај беше истакнато дека континуираниот раст на депозитната база и на кредитната активност на банките продолжи и во последното тримесечје од минатата година, што сигнализира стабилни очекувања и зголемена доверба. На годишна основа, вкупните кредити во декември се повисоки за 7,3%, што е во рамки на очекуваната стапка на раст со октомвриската проекција, додека годишната стапка на раст на депозитите во декември изнесуваше 12,1%, надминувајќи ја проекцијата за крајот на годината. Забрзаниот кредитен раст главно произлегува од зголемената кредитна поддршка на корпоративниот сектор, додека депозитниот главно од депозитите на домаќинствата.

На седницата, Советот ја донесе Одлуката за престанување на важењето на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Усвојувањето на оваа одлука следи по објавата за стапувањето во сила на Одлуката за премин во втората фаза на асоцијација меѓу Република Македонија и Европската заедница и нејзините земји членки, согласно со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а е во насока на натамошно либерализирање на тековите од капиталната и финансиската сметка.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

Објавено

на

Централна Банка

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange