Connect with us

НБРМ

НБРМ помогна за притвор на четворица банкари

Објавено

на

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР и  ОЈО Велес и во соработка со Народна Банка на Република Македонија, во случајот “Фалсификување пари“ во кој што осум лица се осомничени за сторено кривично дело “фалсификување на пари“. Станува збор за пуштање фалсификувани пари во оптек, преку купопродажба на фалсификувани банкноти (американски долари), во експозитура на банка во Кавадарци, во вкупен износ од 34.800 американски долари, стекнувајќи се така со противправна имотна корист од 1.727.545 денари, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. Четири лица се осомничени за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Во врска со ова кривично дело МВР до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против лицата: З.К., Г.К., Н.К., Б.Ј., Т.К., В.К., Р.М. и Т.С сите од Кавадарци поради основи за сомнение за сторено кривично дело “фалсификување пари“ по член 268 од КЗ на РМ. Исто така, кривично пријавени се и лицата М.Е., Е.П., С.И. и Р.М, сите од Кавадарци, вработени во експозитурата на банката, а поради основи за сомнение дека сториле кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по член 353 од КЗ на Република Македонија“, рече Ангеловски.

Имено, според документираните сознанија од истрагата, пријавените набавиле банкноти (долари), за кои знаеле дека се фалсификувани, и истите во неколку наврати, во периодот од 17.04. до 03.05. годинава, преку менувачко работење, односно преку продажба на девизи во кавадаречката експозитура на една банка пуштиле во оптек. Вкупно 696 фалсификувани долари во апоени од по 50 американски долари, во вкупен износ од 34.800 УСД.

Во извршеното кривично дело директно биле инволвирани и лица вработени во банката. Така, банкарските службенички М.Е. и Е.П., знаејќи дека постапуваат противзаконски и надвор од процедурите за банкарско работење, со неизвршување на својата службена должност, без да направат задолжителна проверка на веродостојноста на банкнотите, ги примиле фалсификуваните долари и ги замениле во денари на шалтерите во банката.

Пријавените С.И. во својство на раководител во експозитурата, како и Р.М. во својство на заменик раководител, со неизвршување на својата службена должност, односно без да извршат задолжителен надзор и контрола на работата на банкарските службенички, знаејќи ја намерата на лицата кои ги пуштиле лажните пари во оптек, овозможиле фалсификувани банкноти (долари), да бидат проследени до трезорот на друга банка во Скопје.

Во текот на вчерашниот ден по наредба од Основен Суд Велес изврешени се 15 претреси во Кавадарци и Лозово. При претресите беа пронајдени и одземени: 1.239.010 денари, 3.700 евра, 384 американски долари, 420 англиски фунти, 50 швајцарски франци, 10 канадски долари, мобилни телефони, сим картички, како и документација поврзана со кривичното дело. Лицата се лишени од слобода, а со поднесената кривична пријава истите се спроведени пред надлежен Јавен Обвинител во ОЈО Велес и Основниот Суд Велес.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, денес и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ со поддршка од НБРМ: Oддржана меѓународната веб-конференција „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”

Објавено

на

Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”, на која учесници беа вработени и раководители во одделите за платни системи и платежни услуги на повеќе централни банки и други финансиски институции на земји од Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange