Connect with us

НБРМ

НБРМ: Покана за 31. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Централна Банка

На 13 декември 2018 година (четврток), во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе се одржи 31. сесија на Клубот на истражувачите.

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве молиме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 ноември 2018 година (среда).

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачи, можат да го најават своето присуство најдоцна до 12 декември 2018 година (среда) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот е од отворен карактер, за што подетаљни информации можете да видите на веб-страницата на НБРМ, во делот Клуб на истражувачи.

НБРМ

НБРМ во соработка со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ: работилница за управување со податоците за статистички потреби

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Излагање на гувернерката на НБРМ на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Објавено

на

На претставувањето на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржа вчера, во Копенхаген, Данска, излагање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, м-р Пер Калесен, изнесоа свои видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, откако за главните наоди и согледби претставени во него, најпрво говореше директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, м-р Пол Томсен. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација во земјава со наслов „Заработете и штедете“, којашто од денес е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на НБРМ, како Windows и Android-апликација. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange