Connect with us

НБРМ

НБРМ: На 8 мај ќе се одржи настанот “Ден на финансиска едукација”

Објавено

на

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување го организираат настанот „Ден на финансиска едукација“ кој ќе се одржи во Градскиот парк – Скопје, (Школка) на 8 мај 2017 година со почеток во 11.00 часот.

Целта на настанот е да придонесе кон јакнење на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење. 

 

На настанот ќе бидат поканети претставници од релевантни институции во земјава, ученици од основните и средните училишта, студенти од Економскиот факултет во Скопје и од Центарот за претприемачко учење. 

 

НБРМ

Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Објавено

на

На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период

Објавено

на

Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Такакредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се забележува поголема поддршка на корпоративниот сектор, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Марили. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“

Објавено

на

Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во 2021 година забележале раст за 2,7% во споредба со претходната година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно