Connect with us

НБРМ

НБРМ: Намалена каматната стапка на благајничките записи на 3,25%

Објавено

на

На 14 февруари 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. 

По намалувањата од по 0,25 процентни поени во декември 2016 година и во јануари 2017 година, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за дополнителни 0,25 процентни поени и таа да изнесува 3,25%, а понудата на благајнички записи да остане непроменета на ниво од 25.000 милиони денари. Ваквата реакција претставува нормализација на монетарната политика и е одраз на постојаното стабилизирање на очекувањата и на довербата на економските субјекти и со тоа континуирано исцрпување на ефектите врз економијата од политичката криза.  

 

Сигналите за стабилизација и понатаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти – штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи. Првичните јануарски податоци упатуваат на понатамошен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем, со што тие се зголемуваат осум месеци последователно. На девизниот пазар, по високиот износ на откуп во изминатите шест месеци, во јануари позицијата на НБРМ беше неутрална. Девизните резерви и понатаму остануваат на адекватно ниво. Поволните остварувања се во услови кога оцените за стабилноста на економските фундаменти и натаму остануваат позитивни.  

 

Во однос на економската активност, бројот на засега расположливите показатели за четвртиот квартал од годината е ограничен и нивното движење дава различни сигнали. Сепак, гледано во целост, состојбата во економијата во последниот квартал од годината се оценува како нешто понеповолна во однос на третиот квартал. Досегашните остварувања и тековно достапните високофреквентни показатели упатуваат на раст на економијата во текот на целата 2016 година, којшто не би отстапувал многу во однос на проекцијата.

 

Јануарските податоци за движењето на цените во домашната економија покажуваат годишен раст на инфлацијата од 0,6%, што е во склад со очекувањата. Сепак, нагорните корекции на очекуваното движење за 2017 година кај влезните претпоставки за увозните цени упатуваат на потенцијални нагорни ризици во однос на проекцијата на инфлацијата во 2017 година, како последица на фактори на страната на понудата.  

 

Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитите на населението во банкарскиот систем. Првичните податоци за јануари 2017 година покажуваат натамошен раст на штедењето на населението, осми месец последователно. Вкупната депозитна база во јануари забележа месечен пад, што не претставува невообичаено движење за овој период. Од друга страна, солидната динамика на зголемување на депозитите на годишна основа продолжи и во текот на јануари. Во однос на кредитната активност, прелиминарните податоци со јануари покажуваат благ пад на месечна основа, што доаѓа по значителното зголемување во претходниот месец. Намалувањето на вкупните кредити, слично како во претходните две години во првиот месец, во целост произлегува од пониското ниво на кредити на претпријатијата, при умерен раст на кредитирањето на населението. На годишна основа, според првичните податоци, кредитната активност во јануари расте со солидно темпо, што е блиску до проектираниот раст за првиот квартал на 2017 година, согласно со октомвриската проекција.  

 

Во текот на јануари ликвидноста на банките го продолжи нагорниот тренд, којшто во овој месец се должеше на сезонските фактори, главно поврзани со пониската побарувачка на готовина во економијата по новогодишните и божиќните празници. Во такви околности, дел од вишокот денарски ликвидни средства на почетокот на годината беше повлечен преку основниот инструмент – благајничките записи. Краткорочните промени кај ликвидноста банките ги усогласуваа преку пласирање средства во расположливите депозити кај Народната банка, чијашто состојба се задржа на релативно високо ниво.  

 

На девизниот пазар, во првиот месец од годината движењата беа вообичаени и согласно со очекувањата на Народната банка. На седницата беше констатирано дека банките во трансакциите со клиентите остварија нето-продажба на девизи, којашто главно е одраз на сезонски повисоката побарувачка на девизи од страна на фирмите. Од друга страна, физичките лица и во јануари имаа умерено повисока понуда на девизи на годишна основа, што упатува на натамошно продолжување на поволните трендови на овој пазарен сегмент. Банките во целост ја надоместија нето-побарувачката на девизи од клиентите во јануари од сопствените девизни средства, што услови урамнотежување на меѓубанкарскиот девизен пазар и неутрална позиција на Народната банка во интервенциите на девизниот пазар.  

 

Податоците за девизните резерви во јануари покажуваат пад, во голем дел како резултат на фактори од привремен карактер. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, за почетокот на годината достапни се само податоци за менувачкиот пазар заклучно со втората декада од јануари, коишто упатуваат на нешто пониски нето-приливи од приватните трансфери во однос на проектираните. Сепак, периодот е премногу кус за да се дадат посигурни констатации. Од друга страна, последните расположливи податоци за билансот на плаќања упатуваат на можност за остварување дефицит во тековната сметка блиску до проектираниот и повисоки нето-приливи во финансиската сметка од очекуваните.  

 

Меѓународните финансиски пазари главно беа под влијание на очекувањата  на пазарните учесници за повеќе детали во однос на економската и трговската политика на САД којашто во наредниот период ќе ја спроведува кабинетот на новиот претседател. Притоа, вредноста на САД-доларот умерено се намали, а цената на златото регистрира нагорен тренд. Во услови на сѐ уште нејасни ефекти на новата фискална политика, на состанокот во јануари Федералните резерви го задржаа претпазливиот став во однос на идните чекори за нормализирање на монетарните услови во американската економија. Од друга страна, според носителите на политиката на ЕЦБ, и покрај нагорното движење на инфлацијата, сè уште е потребна поддршката од монетарната политика за да се констатира дека доближувањето на инфлацијата до таргетот е одржливо. Во такви услови, беше задржан релативно повисокиот распон меѓу приносите на државните обврзници во САД и еврозоната.  

 

На седницата беше оценето дека последните податоци покажуваат натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што придонесува за раст на штедењето на населението и стабилни движења на девизниот пазар. Ваквите поволни поместувања укажуваат на присутни услови за приспособување на основната каматна стапка на нивото пред мај 2016 година.   Оцените за стабилноста на економските фундаменти остануваат позитивни. Ризиците од домашните политички случувања се ублажени, но сепак и понатаму присутни и изразени. Воедно, и ризиците од глобалното окружување остануваат актуелни.

 

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.

НБРМ

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“.  Во рамките на панел-дискусијата беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната состојба во економијата и нејзиното закрепнување, динамиката на инфлацијата, а особен акцент беше ставен на оцената на ефектите од мерките преземени досега од централната банка за ублажување на ефектите од пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ќе ги обнови оштетените банкноти со нови на кои ќе го има новото уставно име

Објавено

на

Придавката „Северна“ на новите банкноти ќе ја чини Народната банка 2,2 милиони евра. Руското акционерско друштво „Гознак“ ќе ги изработува книжните пари од 100 апоени, a за услугата ќе наплати 400.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање



Популарно

НБРМ

НБРМ: Намалена каматната стапка на благајничките записи на 3,5%

Објавено

на

На 10 јануари 2017 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето во декември 2016 година, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за дополнителни 0,25 процентни поени и таа да изнесува 3,5%, а понудата на благајнички записи да се зголеми од 23.000 милиони денари на 25.000 милиони денари.

Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор. Сигналите за стабилизација и понатаму се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти – девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем. НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно, со релативно голем износ, со што и за целата година интервенциите се во насока на нето-откуп и имаат позитивен придонес кон промената на девизните резерви. Воедно, првичните декемвриски податоци упатуваат на натамошен засилен раст на штедењето на населението во банкарскиот систем. Овие податоци покажуваат и изразени преференции на населението за располагање со домашна валута. Поволните остварувања се забележуваат во услови на натамошни позитивни оцени за стабилноста на економските фундаменти.

Во однос на економската активност во македонската економија, бројот на показателите за четвртиот квартал од годината расположливи досега е ограничен, а нивното движење дава различни сигнали, поради што засега тешко можат да се дадат попрецизни оцени. Последните податоци за инфлацијата за 2016 година покажуваат дека просечната годишна промена на домашните потрошувачки цени останува во негативната зона (-0,2%, во просек), при пониски цени на храната и енергијата. Од друга страна, базичната инфлација бележи позитивни годишни стапки на раст. Инфлациските остварувања во декември упатуваат на нешто пониска инфлација од проектираната, а очекувањата за увозните цени се ревидирани во различна насока, поради што и ризиците околу проекцијата на инфлацијата за следниот период се оценуваат како урамнотежени. Првичните податоци за фискалниот сектор за 2016 година упатуваат на помал буџетски дефицит во споредба со претходната година, а со тоа и одржување на процесот на фискална консолидација втора година по ред.

На седницата беше констатирано дека во декември ликвидноста во банкарскиот систем забележа релативно висок месечен раст, главно поради интервенциите на Народната банка за откуп на девизи од банките поддржувачи (во износ од 63,45 милиони евра). Имено, банките имаа вишок девизи генериран од поповолните движења во трансакциите со клиентите, пред сѐ со фирмите. Исто така, зголемена понуда имаше и од менувачниците, како сезонски ефект пред божиќните и новогодишните празници, додека со физичките лица беа регистрирани стабилни движења и нето-откуп на девизи. Со овие движења во декември, вкупните остварувања на девизниот пазар во последниот квартал од годината се исклучително поволни, при што банките во трансакциите со клиенти остваруваат нето-откуп на девизи втор последователен квартал. Остварувањата на девизниот пазар, како и приспособувањето на високите девизни позиции на банките во услови на зголемено кредитирање со валутна компонента, овозможија Народната банка да откупи вкупно 182,75 милиони евра во втората половина од годината, што е повеќе од продажбите во период на нестабилност на девизниот пазар во вториот квартал. Со тоа, на збирна основа во 2016 година Народната банка регистрира нето-откуп на девизи во износ од 16,65 милиони евра, со што ја зголеми ликвидноста во банкарскиот систем. Покрај девизните интервенции, во насока на зголемување на ликвидноста на банките во 2016 година влијаеја и трансакциите на државата. Банките главно ја насочуваат високата денарска ликвидност во расположливите депозити кај Народната банка.
Податоците за девизните резерви во декември покажуваат раст, пред сѐ како резултат на интервенциите на НБРМ со откуп на девизи, што упатува на поволни платнобилансни текови. Девизните резерви се повисоки во текот на целата 2016 година, со најизразен ефект врз нивниот раст од трансакциите на државата и девизните депозити на банките кај НБРМ. Сите показатели на адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие постојано се движат во сигурната зона. Во однос на показателите од надворешниот сектор, засега расположливите податоци за четвртиот квартал покажуваат дека трговскиот дефицит е нешто понизок од очекувањата, а нето-откупот на менувачкиот пазар, како показател за приватните трансфери, е во рамки на очекувањата.

Понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитната база на банките. Првичните декадни податоци за декември 2016 година покажуваат месечен раст на вкупните депозити од 4%, што претставува значително забрзување во однос на досегашната динамика на раст. Растот на вкупните депозити во декември во поголем дел произлегуваше од повисоките депозити на претпријатијата, но значителен е придонесот и на штедењето на домаќинствата. Од аспект на валутната структура на штедењето на населението, наспроти претходните три месеци кога придонесот на денарската и девизната компонента во растот на депозитите беше релативно урамнотежен, во декември 2016 година речиси 90% од прирастот на штедењето на населението е во денари. Растот на вкупната депозитна база на банките во декември изнесува 5,7% на годишна основа, што претставува забрзување на годишниот раст, којшто воедно е повисок од проектираниот. Податоците за кредитниот пазар во декември исто така се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор. Кредитните текови во последниот квартал ги надминаа очекувањата, со што и годишната стапка на раст на кредитите од 6,6% е над проектираната.

Во декември, меѓународните финансиски пазари беа под влијание на дивергентната поставеност на монетарната политика на ЕЦБ и на ФЕД, потврдена со одлуките донесени на состаноците на овие централни банки во декември. Во еврозоната беа забележани позитивни ценовни придвижувања на крајот на годината, во услови на повисоки цени на енергентите, што е поврзано со одлуките за ограничување на понудата на нафта од страна на земјите извознички на овој енергент.

На седницата беше оценето дека последните податоци покажуваат постојано стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што придонесува за раст на штедењето на населението и откуп на девизи на НБРМ на девизниот пазар. Ваквите поволни движења укажуваат на услови за постепено приспособување на основната каматна стапка на нивото остварено пред мај 2016 година. Оцените за стабилноста на економските фундаменти остануваат позитивни. Ризиците од домашните политички случувања се ублажени, но и понатаму присутни. Воедно, и ризиците од глобалното окружување остануваат актуелни.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата, а идните промени во монетарната политика во голема мера ќе бидат условени од понатамошното стабилизирање на домашниот политички амбиент.

НБРМ

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, учествуваше на панел-дискусијата организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“.  Во рамките на панел-дискусијата беа разгледани повеќе прашања поврзани со тековната состојба во економијата и нејзиното закрепнување, динамиката на инфлацијата, а особен акцент беше ставен на оцената на ефектите од мерките преземени досега од централната банка за ублажување на ефектите од пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ќе ги обнови оштетените банкноти со нови на кои ќе го има новото уставно име

Објавено

на

Придавката „Северна“ на новите банкноти ќе ја чини Народната банка 2,2 милиони евра. Руското акционерско друштво „Гознак“ ќе ги изработува книжните пари од 100 апоени, a за услугата ќе наплати 400.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Популарно