Connect with us

НБРМ

НБРМ и ММФ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем и натаму е здрав

Објавено

на

Централна Банка

На завршниот состанок со тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој престојуваше во земјата заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија, присуствуваa гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и тим на Министерството за финансии,предводен од министерот, д-р Драган Тевдовски.

Во Завршното соопштение на тимот на ММФ е забележано дека монетарната политика е соодветно присобена. Врз   основа   на   умерената економска активност, ниската инфлација и поволните девизни пазари, НБРМ двапати ја намали каматната стапка во 2018 година. Според ММФ, во иднина, доколку се влоши надворешното опкружување, НБРМ треба да биде  подготвена да ја заостри монетарната политика, како што беше соодветно направено и во изминатите периоди.

ММФ оценува дека банкарскиот систем и натаму е здрав, но дека ризиците треба сѐ уште внимателно да се следат. Како што е наведено и во Соопштението, банките се добро капитализирани, ликвидни и профитабилни. Учеството на нефункционалните кредити е намалено, а кредитните ризици се добро обезбедени. Според ММФ, натамошните напори за  постепено зголемување на денаризацијата на депозитите и внимателно калибрираните  макропрудентни мерки за намалување на кредитирањето во странска  валута  на  домаќинствата  ќе помогнат за натамошно зајакнување на отпорноста на финансискиот систем.

Во Програмата за детална проценка на финансискиот сектор (FSAP) којашто во моментот се  финализира  од  страна  на  ММФ  и  Светската  банка, се констатира дека банкарската супервизија и прописите значително се подобрија во текот на изминатата деценија, но се идентификува и потребата од натамошно зајакнување, особено во делот на супервизијата на системски значајните банки и макропрудентната регулатива и модернизација на управување со кризи.

Во Соопштението на тимот на ММФ се наведува дека враќањето на политичката стабилност и напредокот кон решавањето на проблемот со името значително ги подобриле перспективите за отворање на преговорите за членство во ЕУ, повеќе од 12 години по добивањето на кандидатскиот статус. За да се искористи оваа можност и да се осигури посветла иднина преку повисока продуктивност и побрза конвергенција на доходот, клучни се структурните реформи за надминување на долгопостоечките слабости на пазарот на труд, правосудството и јавната администрација.

Реалниот БДП во 2018 година е проектиран на 2%, при поволни макроекономски услови, односно ниска инфлација, опаѓачки дефицит на тековната сметка и позитивни трендови на девизниот пазар. Со закрепнувањето на инвестициите, се очекува забрзување на растот на БДП на 2,8% во 2019 година и понатамошно засилување на 3,5%, на среден рок, во услови на инфраструктурни вложувања и силен извоз.

НБРМ

Народна банка: Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври

Објавено

на

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година. Имено, според податоците на Народната банка каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98% од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 процентни поени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика ќе остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување

Објавено

на

Препораката за монетарната политика во глобални рамки е да остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување сѐ додека трае фазата на неизвесност, но и фазата во која пандемијата ќе биде ставена под контрола. И ние како централна банка ќе се водиме од ваквата препоракаама водејќи сметка и за специфичноста на нашата монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно