Connect with us

НБРМ

НБРМ и ЕЦБ склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Европската централна банка (ЕЦБ) склучија меморандум за соработка во сферата на супервизијата. Согласно со неговите одредби, соработката меѓу двете институции ќе биде насочена кон обезбедување ефективна размена на супервизорски информации, имајќи ја предвид домашната и меѓународната регулатива, вклучително и Основните принципи за ефикасна банкарска супервизија донесени од Базелскиот комитет.

Склучувањето на овој меморандум е уште една потврда на посветеноста на НБРМ на одржувањето на стабилниот и сигурен банкарски систем. Како што е наведено и во самиот документ, соработката дефинирана со него е од суштинско значење за натамошното унапредување на интегритетот, стабилноста и ефикасноста во работењето на банките.

Спроведувањето на неговите одредби ќе биде многу значајно и за остварувањето на определбата на НБРМ за постојано развивање на супервизијата во Република Македонија според најновите европски и меѓународни стандарди и препораки. Во услови кога дел од системски значајните банки во државава се во сопственост на банки под директна супервизорска надлежност на ЕЦБ, се очекува дека размената на информации за нив ќе придонесе за натамошно унапредување на супервизорската функција. 

Со иницирањето на овој многу значаен стратегиски документ, ЕЦБ ја вброи НБРМ меѓу централнобанкарските институции коишто ги смета за свои стратешки партнери во процесот на унапредување на супервизијата, а со тоа и во јакнењето на банкарските системи во Европа.

Меморандумот за соработка во сферата на супервизијата е само еден од показателите за продлабочувањето на комуникацијата меѓу НБРМ и ЕЦБ во изминатиов период, што ќе продолжи и во иднина.

НБРМ

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Македонија

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација  во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија  и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Македонија (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Склучен меморандум за соработка помеѓу НБРМ и МБА во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија

Објавено

на

Вчера, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава. Согласно со одредбите од меморандумот, во натамошниот период, НБРМ и МБА, заеднички ќе преземат низа активности коишто ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата. Во рамки на соработката ќе се преземат и активности преку кои населението ќе добие повеќе информации и за банкарските услуги во земјава. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Одржана 31. сесија на Клубот на истражувачи

Објавено

на

На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови:  „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange