Connect with us

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18).

Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:

„ВАГА“

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Вага. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на вага од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак вага и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак вага. Во долниот дел е претставена златна слика на вага, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – LIBRA, а на левата страна, ознаката Ag925.

„СКОРПИЈА“

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Скорпија. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на скорпија од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак скорпија и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак скорпија. Во долниот дел е претставена златна слика на скорпија, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На левата страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – SCORPIUS, а на десната страна, ознаката Ag925.

„СТРЕЛЕЦ“

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Стрелец. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак стрелец и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на стрелец, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – SAGITARIUS, а на левата страна, ознаката Ag925.

Цената на овие ковани пари за колекционерски цели изнесува 2.800,00 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија. Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на НБРМ во делот Ковани пари за колекционерски цели.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

Објавено

на

Централна Банка

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange