Connect with us

НБРМ

НБРМ: Движење на основните показатели на пазарот на труд и активните мерки на пазарот на труд во справувањето со невработеноста: искуството на Македонија

Објавено

на

Оваа анализа дава детален осврт на движењата на пазарот на труд во Република Македонија, динамички и споредбено со избрани земји од ЕУ. Анализирани се движењата на  основните показатели за пазарот на труд, вработеноста и платите по одделни дејности, а посебен осврт е даден на видот и примената на активните мерки на пазарот на труд.

Анализата покажува подобрување на основните показатели на пазарот на труд во последната деценија, иако показателите за невработеноста кај младите и долгорочната невработеност и натаму се релативно високи. Умерено подобрување во последните години се бележи и кај јазот меѓу понудата и побарувачката на работа сила.

Позитивните промени на пазарот на труд се должат на: активните мерки на пазарот на труд, отворањето нови работни места во компаниите со странски капитал, постепеното намалување на неформалната економија, како и придонесот од економскиот циклус.

Активните мерки имаат предност во однос на пасивните мерки со оглед на тоа што треба да придонесат за трајно подобрување на работните вештини и способноста на невработените лица за наоѓање на работа. Во услови на чести промени и нередовна примена, ефектите од активните мерки на македонскиот пазар на труд е тешко емпириски да се оценат, но општо земено тие се позитивни.

Структурата на активните мерки е слична со другите земји, со доминација на обуките за невработени лица. Во иднина, потребно е да зајакне системот на следење на учесниците вклучени во активните мерки на пазарот на труд во функција на подобро дизајнирање и давање предност на мерките со подобри ефекти, а воедно, постепеното намалување на средства наменети за пасивни мерки, остава простор за насочување на повеќе средства за примена на активни мерки на пазарот на труд.

За повеќе информации видете тука.

НБРМ

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Објавено

на

Народната банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

Популарно