Connect with us

НБРМ

НБРМ во соработка со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ: работилница за управување со податоците за статистички потреби

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“.

„Еден од стратешките приоритети на Народната банка на Република Македонија е постојано унапредување на квалитетот на статистиката преку примена на меѓународните статистички стандарди коишто во посткризниот период ја нагласуваат потребата за обезбедување подетални, посеопфатни и пофреквентни  статистички податоци, притоа водејќи сметка за известувачкиот товар на економските субјекти.“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во своето поздравно обраќање со коешто го отвори овој настан.

Првата сесија на работилницата ѝ беше посветена на регулативата и практиките за обезбедување рационален пристап до статистичките податоци и за заштитата на нивната доверливост во еврозоната како целина, како и во одделни земји членки на Европската Унија. Притоа, одделно внимание ѝ беше посветено на соработката меѓу Генералниот директорат за статистика на ЕЦБ и статистичката служба на Европската Унија – Евростат, како и меѓу ЕЦБ и централните банки на државите членки на ЕУ, во поглед на начинот и условите под кои се разменуваат податоците прибрани за статистички цели. Експерти од НБРМ, како и од Државниот завод за статистика и Министерството за финансии, во рамките на оваа сесија имаа можност да проследат презентации преку кои, покрај европската регулатива и искуствата на ЕЦБ, беа презентирани и искуствата на централните банки на Луксембург и на Австрија.

Втората сесија ѝ беше посветена на потребата од соодветно управување со податоците во современата организациска култура и третманот на податоците како исклучително вреден ресурс, со посебен осврт на стратегијата, организациската поставеност и практиките за управување со податоци на ЕЦБ. Одделно беа разгледани и сегашните и идните предизвици на ЕЦБ, во врска со различни процеси поврзани со обезбедување квалитет, соодветна архитектура, моделирање, чување, разменување и активно користење на податоците од страна на корисниците, при што акцентот беше ставен на специфичните потреби коишто произлегуваат од функциите на централните банки.

Во рамките и на двете сесии се водеше плодна дискусија, во која се отворија прашања клучни за натамошните активности на НБРМ сврзани со остварувањето на нејзината определба и во областа на статистиката, редовно да ги следи најновите европски и меѓународни стандарди и практики, со што прави и големи чекори по патот којшто води кон Европскиот систем на централни банки.

Во изминатиов период, НБРМ организира низа семинари, работилници и предавања на актуелни теми од областа на статистиката.

НБРМ

НБРМ: Одржана 31. сесија на Клубот на истражувачи

Објавено

на

На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови:  „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ повторно ја намали основната каматна стапка – сега изнесува 2,50%

Објавено

на

Централна Банка

На 11 декември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange