Connect with us

НБРМ

НБРМ: Во мај е забележан забрзан раст на кредитите и депозитите кај фирмите и населението

Објавено

на

На 12 јуни 2018 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето на каматната стапка во март 2018 година како одраз на здравите економски основи, а при понатамошно стабилизирање на довербата на економските субјекти, на оваа седница на Комитетот беше констатирано дека монетарната поставеност е соодветна, така што каматната стапка на благајничките записи се задржа на нивото од 3,00%. На седницата се одлучи понудата на благајнички записи, исто така, да остане непроменета на нивото од 25.000 милиони денари.

На седницата беше констатирано дека споредбата на последните макроекономски показатели со нивната проектирана динамика укажува на одредени отстапувања. Ова особено се однесува на динамиката на економската активност. Имено, според проценетите податоци за БДП за првото тримесечје, економијата бележи минимален раст од 0,1%, што е под оцените вградени во априлските проекции. Во првото тримесечје беше задржан континуитетот на солиден раст на извозната активност, како и умереното темпо на раст на потрошувачката на домаќинствата. Сепак, во услови на привремен прекин и пролонгирање на дел од позначајните инфраструктурни проекти, вкупните инвестиции забележаа пад, речиси неутрализирајќи ги позитивните остварувања кај останатите компоненти на БДП.

Во однос на промените кај потрошувачките цени, расположливите податоци за мај 2018 година покажуваат просечен годишен раст на ценовното ниво од 1,5%, при раст на сите компоненти, а со најголем придонес на базичната инфлација и цените на храната. Досегашните остварувања на инфлацијата се пониски во однос на априлската проекција, но истовремено направени се нагорни корекции кај светските цени на нафтата и житните култури за 2018 година. Во вакви околности, ризиците во однос на проекцијата за 2018 година од 2% се оценуваат како урамнотежени.

Во периодот април – мај, поместувањата кај девизните резерви се во насока на нивно зголемување, при поволни движења на девизниот пазар и нето-откуп на девизи од страна на НБРМ. Показателите за нивната адекватност покажуваат дека тие и понатаму се наоѓаат во сигурна зона. Во однос на расположливите податоци од надворешниот сектор, нивниот број засега не е доволен за да може да се извлечат посигурни заклучоци во овој домен. Остварувањата кај надворешнотрговската размена за април упатуваат на можност за остварување помал трговски дефицит од очекуваниот за второто тримесечје на 2018 година. Податоците за менувачкиот пазар, заклучно со првата декада на мај, укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери повисоки од очекувањата за вториот квартал.

Во однос на монетарните движења, првичните монетарни податоци за мај покажуваат значително забрзување на месечниот раст и на депозитите и на кредитната активност. Растот на депозитната база во овој месец во голема мерка е последица на повисоките корпоративни депозити, а позитивен, но поумерен придонес имаше и штедењето на домаќинствата. Во мај, на кредитниот пазар дојде до забрзување на кредитната активност, при што се забележува зголемување на кредитите и на населението и на претпријатијата. Депозитните и кредитните текови во текот на периодот април – мај се повисоки од проектираните за второто тримесечје, што укажува на натфрлање на проекцијата за овој период.

Во периодот помеѓу двете месечни седници на Комитетот, трансакциите на државата овозможија зголемување на ликвидните средства на банките, што беше делумно намалено со зголемената побарувачка на денарска готовина на населението. На девизниот пазар, и покрај сезонскиот пораст на побарувачката на девизи од компаниите поврзана со нивното редовно работење, на годишна основа за потребите на сите клиенти банките остварија пониска нето-продажба на девизи, што главно се должи на подобрите остварувања со скоро сите групи клиенти.

Ваквите движења на девизниот пазар, во комбинација со солидната девизна ликвидност на банките, овозможија натамошно висока понуда на девизи на меѓубанкарскиот пазар и откуп на пазарниот вишок на девизи од страна на НБРМ, во износ од 8,5 милиони евра. Со тоа, во првите пет месеци од годината, НБРМ вкупно откупи 56,5 милиони евра од банките.

Во анализираниот период, зголемувањето на ликвидноста на банките влијаеше врз намалена побарувачка на пазарите на пари, каде пазарните каматни стапки се задржаа на релативно стабилно ниво. Воедно, по задоволувањето на пазарната побарувачка, банките и натаму го пласираа вишокот парични средства во расположливите депозити преку ноќ кај Народната банка.

Во мај, меѓународните финансиски пазари се одликуваа со изразена променливост, во услови на неизвесност во Италија околу формирањето влада и зголемени глобални трговски тензии со воведувањето увозни давачки од страна на САД. Инвеститорите беа насочени кон вложувања во безбедни инструменти, така што приносите на државните обврзници во САД и еврозоната се намалија, а еврото забележа слабеење на вредноста. Ваквите движења во одредена мера се стабилизираа на почетокот на јуни, како резултат на заложбите на новата влада во Италија за намалување на буџетскиот дефицит и останување на земјата во еврозоната, како и на рестриктивните ставови на претставници на ЕЦБ и на подобрувањето на односите помеѓу САД и Северна Кореја.

Сумирано, на седницата беше заклучено дека последните макроекономски показатели и оцени иако упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, сепак засега не предизвикуваат поголеми промени во согледувањата за условите во коие се спроведува монетарната политика.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи сите економски индикатори и случувањата во домашната економија, и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, денес и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЦЕФ со поддршка од НБРМ: Oддржана меѓународната веб-конференција „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”

Објавено

на

Денес, 14 јуни 2018 година, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), со поддршка од Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Централната банка на Холандија, Банката на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни работи, успешно се оддржа веб-конференцијата „Финансиската вклученост и улогата на платните системи”, на која учесници беа вработени и раководители во одделите за платни системи и платежни услуги на повеќе централни банки и други финансиски институции на земји од Југоисточна Европа, Блискиот Исток, Азија и Африка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange