Connect with us

Компании

НБРМ: Бројот на банкротирани фирми расте

Објавено

на

3,2 % изнесува растот на фирми кои банкротирале минатата година покажуваат последните податоци на Народна банка.

Тој процент пак во 2016-та бил 2,1%.

Што ги згаснува македонските компании?

Порастот на стапката на банкротирани фирми во земјава се должи на тоа што повеќе фирми отишле во стечај.

Раст на стапката на банкротирани фирми во земјава, регистрира Народната банка во последниот извештај за финансиска стабилност. Во 2017 година стапката на банкротирани фирми пораснала на 3,2%, додека претходната година или во 2016 изнесува 2,1 %. Растот се должи на тоа што повеќе фирми во таа година отишле во стечај.

Стапката се пресметува како однос на фирмите кои отишле во стечај со вкупниот број активни компании. Кои се причините за ликвидациите, познавачите велат дека долгогодишната криза и слабата ликвидност ги довеле фирмите во долгови. Старите обврски тешко се враќаат, нема наплата, па се става клуч на врата. Како причина се наведува и олеснувањето на можноста за ликвидација.

„Постоечките економски субјекти забележаа малку поголема стапка на излез од пазарот, претставена преку зголемувањето на бројот на правни лица над кои е отворена стечајна постапка. Оттука, во 2017 година дојде до раст на стапката на банкротирани правни лица од 2,1 % на  3,2 %“, стои во извештајот.

Инаку во 2017 година има благо намалување и на претприемачаката иницијатива во земјава ако се гледа преку стапката на годишна промена на формираните нови економски субјекти.

Поради бришењето на фирмите кои се со неактивен статус, од друга страна се намалува бројот на фирми кои се со блокирани сметки, па така во 2017 година, бројот на правни лица со блокирана трансакциска сметка се намалил за над 14%.

Според податоци од Централниот регистар на крајот од 2017 година, вкупниот број на регистрирани нефинансиски правни лица изнесува 111.307, а во 2016 биле 113.978. Од овие во правно-формална смисла на зборот, „постоечки“ субјекти, годишни сметки до Централниот регистар доставиле само 60.000 фирми.

 

Компании

Отворен ден на GS1 Македонија: “Дигитализација на македонското стопанство„

Објавено

на

„Онлајн“-трговијата во Македонија е во зачеток, бројот на компании и маркети кои директно ги пласираат своите производи и услуги преку интернет е се уште мал. Во светски рамки, пак, продажбата на далечина е се по застапена и прифатена од крајните потрошувачи, секоја година е се помасовна, а обртот на средства преку „онлајн“-трговијата е се поголем. Овој тренд неминовно ќе ја зафати и нашата држава. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Војна помеѓу eBay и Amazon

Објавено

на

Двете најголеми интернет маркетинг компании влегоа во битка откако eBay официјално покрена тужба против Amazon, во која обвиненува за нефер бизнис практики. Адвокатите на компанијата велат дека биле жртви на „масовна шема за компромитирање на нивниот внатрешен и-мејл систем“. Информациите потоа биле користени од страна на Amazon за привлекување на најпопуларните трговци на eBay.

Според обвинението, овие практики не се нови и веќе неколку години се применуваат, објави „ЦНет“. eBay тврди дека имаат информации за тоа дека десетици вработени на високи позиции во Amazon во САД и Европа се обложуваат на различни методи за да ги одземат најактивните трговци во конкурентна платформа. Во овој случај, станува збор за практиките на двете компании да им овозможат на аутсајдери да ги рекламираат и продаваат своите производи, што во крајна линија доведува до поголем приход.

Необичен е фактот дека, според Amazon, трговците со трета страна генерираат повеќе од 50% од нивниот промет, додека на eBay оваа вредност е 100% поради нивниот специфичен бизнис модел.

Уште е рано да се предвиди што ќе одлучи во судот во овој случај, кој ги соочува двете водечки онлајн платформи за тргување. Западните медиуми коментираат дека овој случај дополнително ќе го заостри конфликтот меѓу компаниите кои веќе имаат прилично затегнати односи.

Продолжи со читање

Компании

Google воведува наплата за YouTube, Google Play и други услуги – цената ќе ја платат производителите на ЕУ?

Објавено

на

Прв пат во својата историја, Google ќе наплаќа лиценци за телефонски производители во Европа за да ги инсталираат своите услуги, како што се Google Play, YouTube или Gmail.

Денес тоа е невозможно да се замисли Android паметен телефон кој во основа нема Gmail, YouTube, и она што е, секако, најмногу важно – Google Play. По паричната казна од 5 милијарди евра, што Google мораше да ја плати на Европската унија, од компанијата одлучија да свртат нов лист кога станува збор за водење бизнис на територијата на Стариот континент.

Врз основа на истрагата спроведена од страна на регулаторното тело на ЕУ, казната за Google следи откако беше утврдено нарушување на конкуренцијата кога станува збор за Андроид. Тоа е практика на компанијата врз основа на барањата кон телефонски производители и пре-инсталирање на основните услуги на компанијата во замена за бесплатно користење на оперативниот систем. Во прописите, меѓу другото, се наведува дека ваквата политика на Google овозможи на компанијата нефер предност во однос на своите конкуренти на пазарот.

Првиот голем чекор кој ќе го направи Google во својата нова политика за корисници во Европа е почеток за давање на лиценци за производители на мобилни телефони во овој дел на светот, кои се планира да продаде уреди со пре-инсталиран оперативен систен на компанијата за услуги од Mountain View.

Добрата вест е дека Android ќе остане бесплатен за сите.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange