Connect with us

НБРМ

НБРМ: Банките основа за финансиска стабилност

Објавено

на

Се одржа шестата седница на Комитетот за финансиската стабилност, на која присуствуваа гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, како и високи претставници од двете институции. Седницата се одржа како дел од редовните активности на Министерството за финансии и НБРМ за следење на состојбите и трендовите во финансискиот систем.

На седницата беа разгледани првичните резултати од оцената на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка за усогласеноста на банкарската супервизија и регулатива во Република Македонија со Базелските принципи за ефикасна банкарска супервизија. Оцената е дел од сеопфатната Програма за оцена на финансискиот сектор во Република Македонија (Financial Sector Assessment Program), којашто ја спроведува заеднички тим на експерти од двете меѓународни институции. Првичните согледувања укажуваат на стабилен и добро развиен систем на банкарска супервизија и регулатива, со висок степен на усогласеност со меѓународните стандарди објавени од Базелскиот комитет за банкарска супервизија.

Комитетот ги разгледа и последните движења во банкарскиот систем и ризиците врз финансиската стабилност во Република Македонија и заклучи дека банкарскиот систем и понатаму ја има најзначајната улога во одржувањето на стабилноста на целиот финансиски систем. Активностите на банките продолжуваат да растат, а солвентноста на банките дополнително зајакна и на крајот на јуни 2018 година, стапката на адекватност на капиталот достигна 16,5%. Ликвидните средства на банките континуирано се одржуваат на високо ниво, учествувајќи со над 30% во вкупната актива на банките и обезбедувајќи покриеност на вкупните депозити на населението, од околу 60%. Квалитетот на кредитното портфолио на банките е стабилен, а стапката на нефукционалните кредити веќе неколку месеци е на ниво од околу 5%. Во услови на едноставна структура и скромна поврзаност на активностите на одделните сегменти на финансискиот систем, ограничена е опасноста од прелевање на ризиците помеѓу одделните сектори, што дополнително влијае врз стабилноста на финансискиот систем.

 

НБРМ

Јавен повик до основните и средните училишта во Република Македонија

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација  во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија  и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија  објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и средните училишта во Република Македонија (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Склучен меморандум за соработка помеѓу НБРМ и МБА во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија

Објавено

на

Вчера, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава. Согласно со одредбите од меморандумот, во натамошниот период, НБРМ и МБА, заеднички ќе преземат низа активности коишто ќе бидат насочени кон подигнување на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата. Во рамки на соработката ќе се преземат и активности преку кои населението ќе добие повеќе информации и за банкарските услуги во земјава. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Одржана 31. сесија на Клубот на истражувачи

Објавено

на

На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови:  „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange