Connect with us

НБРМ

НБРМ: Банкарскиот систем со раст од 0,9% во првиот квартал

Објавено

на

Советот на Народната банка на Република Македонија вчера ја одржа својата петнаесетта седница на која беше разгледан Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во Република Македонија во првиот квартал од 2018 година, при што беше констатирано дека во периодот дојде до значително подобрување на показателите преку кои се следи банкарскиот систем, меѓу другото и како резултат на стабилизацијата на очекувањата во домашното опкружување. Во првиот квартал, кој вообичаено има помала сезонска динамика, вкупната актива на банкарскиот систем забележа раст од 3.982 милиона денари или 0.9%. Овој раст се должеше на поголемата склоност на банките за кредитирање на домаќинствата, во споредба со корпоративното кредитирање коешто се намали што освен на сезонските фактори се должеше и на еднократната наплата на побарувања. Во април и мај 2018 година, стапката на раст на корпоративните кредити повторно беше позитивна. На годишна основа, заклучно со првиот квартал, останува констатацијата дека растот на кредитите кон домаќинствата е многу посолиден од тој кон корпоративниот сектор, односно 9,8%  и 2,6% соодветно, вредности што го следат трендот од претходните години.

Со оваа поставеност, изложеноста на кредитниот ризик останува најзначајниот ризик за банкарскиот систем, особено кога ќе се земе предвид дека растот на вкупното кредитирање ја ублажува стапката на раст на нефункционалните кредити. Историски најниската и непроменета стапка на нефункционални кредити на домаќинствата од 2,4% меѓу другото се должи и на солидниот раст на кредитите кон овој сектор.  Стапката на нефункционалните кредити кон нефинансиските друштва се намали  и  на крајот од на првиот квартал изнесува изнесува 7,8%. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на домаќинставата и нефинансиските друштва се намали за 1,2 процентни поена во првиот квартал од 2018 година и се сведе на 5,1%.

Во однос на кредитниот ризик, покриеноста на нефункционалните кредити со сопствената исправка на вредност се зголеми и на крајот од третиот квартал изнесува високи 81,4%, при задоволителен обем и квалитет на сопствените средства на банките. Тоа значи дека последиците од евентуална целосна ненаплатливост на овие кредити врз солвентните позиции на банките би останале ограничени.

Изложеноста на банкарскиот систем на валутниот ризик и на ризикот од промена на каматните стапки во портфолиото на банкарски активности генерално има поограничено значење од изложеноста на кредитниот ризик. Застапеноста на кредитите со валутна компонента на домаќинствата и нефинансиските друштва го издвојува значењето на валутниот ризик за нивната стабилност и следствено, за стабилноста на банките. Показателите за ликвидноста дополнително зајакнаа, главно како резултат зголемените пласмани на банките во Народната банка и во краткорочно орочените депозити во странство, при што на крајот од првиот квартал ликвидните средства учествуваа со преку 30% во активата на банкарскиот системи, истовремено покривајќи речиси 54% од вкупните краткорочни обврски и околу 58% од вкупните депозити на домаќинствата.

Профитабилноста во првиот квартал беше висока. Стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви достигнаа историски највисоки нивоа, од 3,1% и 28%, соодветно, но треба да се напомене дека еднократна наплата на побарувања  од страна на повеќе банки е главната причина за овој резултат. Со изолирање на овој ефект, којшто имаше најголемо влијание врз добивката во првиот квартал од 2018 година, профитабилноста на банкарскиот систем би била вообичаена и би се задржала речиси на исто ниво како во првиот квартал од 2017 година. Распонот помеѓу активните и пасивните каматни стапки продолжи да се намалува.

Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи движењата на домашните и меѓународни ризици во банкарскиот систем, и доколку потребно, ќе преземе  соодветни мерки и активности за нивно ублажување.

Советот на денешната седница ја донесе Одлуката за дополнување на Одлуката за условите и висината на износот на ефективните домашни пари, чекови и монетарно злато кои можат да се внесат во или изнесуваат од Република Македонија, со која се олеснува претопувањето на кованите пари од различни апоени коишто станале несоодветни за оптек.

НБРМ

Учество на гувернерката на НБРМ на настан по повод европскиот ден на статистиката

Објавено

на

По повод европскиот ден на статистиката, денес на Економскиот факултет – Скопје, се одржа настан под мотото „Подобри податоци – подобар живот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ оствари средби со високи претставници на ММФ и Светската банка

Објавено

на

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), оствари средби со високи претставници на двете меѓународни институции, вклучувајќи средби со извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, извршниот директор на СБ, г. Франк Хемскирк, потпретстедателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Тевдовски на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Индонезија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange