Connect with us

Домашни банки

НБРМ анализа: Расте ликвидноста на банките

Објавено

на

Централна Банка

Во второто тримесечје на 2018 година, ликвидните средства на банките49 на сметките кај НБРМ се зголемија за 441 милион денари, наспроти намалувањето во претходниот квартал. Растот на ликвидноста на банките во вториот квартал од годината беше одраз на намалениот интерес на банките за пласирање на слободните ликвидни средства во краткорочни депозити кај НБРМ. Состојбата на монетарните инструменти во второто тримесечје се намали за 492 милиона денари, што во услови на одржување на состојбата на благајничките записи на ниво од 25.000 милиони денари50, во целост произлегува од намалувањето на износот на расположливи депозити преку ноќ, при мал раст на расположливите депозити на 7 дена.

Автономните фактори на нето-основа придонесоа за умерено повлекување ликвидност од банкарскиот систем, во  износ од 75 милиони денари. Според анализата на поединечните автономни фактори, главните текови коишто предизвикаа повлекување ликвидни средства од банкарскиот систем беа трансакциите на државата и готовите пари во оптек. Од друга страна, за раст на ликвидноста на банките, но во помал обем, придонесоа девизните интервенции на НБРМ со банките поддржувачки.

Во второто тримесечје на 2018 година износот на ликвидни средства на сметките на банките кај НБРМ над нивото на задолжителната резерва беше значително повисок во споредба со претходниот квартал. Состојбата на ликвидните средства на банките на сметките кај НБРМ во вториот квартал од годината беше повисока за 9,0%, во просек, од задолжителната резерва, што е забележително повисоко остварување во споредба со претходниот квартал (во просек 1,0% над задолжителната резерва). Растот на вишокот ликвидни средства произлегува од определбата на банките за одржување на вишокот ликвидни средства на сметки кај НБРМ, во услови на пониски каматни стапки на расположливите депозити кај НБРМ.

На крајот на вториот квартал од годината примарните пари51 се пониски за 2,5% на годишна основа, што е умерено понизок пад во споредба со претходниот квартал или 5,6% на годишна основа

Домашни банки

Централна кооперативна банка АД Скопје со добивка

Објавено

на

Во второто тримесечје од 2018 година, Банката оствари позитивен финансиски резултат, кој е на линија на поставените цели од деловниот план. Како резултат на континуираниот нагорен тренд во доменот на кредитирањето, при истовремено задржување висок квалитет на кредитното портфолио и насоченоста кон подобрувањето на оперативната ефикасност, евидентиран е пораст на каматните приходи од 6,56% во однос на истиот период од минатата година. Банката бележи и значителен раст на депозитите, особено во сегментот население. Растот на депозитите генерираше зголемени расходи за камата за 7,41%, но, сепак, нето-ефектот кај приходите од камата е позитивен и е зголемен за 6,14% во однос на истиот период минатата година.

Поради определбата на Банката за зголемување на обемот на работа преку понуда на промотивни и подостапни услуги за своите клиенти, нето-приходите од провизии и надоместоци бележат намалување за 5,50%, споредено со истиот период минатата година.

Банката во второто тримесечје го задржа одличниот квалитет на кредитното портфолио и покрај евидентираниот мал раст на исправката на финансиските средства. Зголемувањето на исправката делумно  произлегува од растот на кредитното портфолио, а дел од последователното мерење на кредитниот ризик на зрелото кредитно портфолио. Во овој период Банката нема евидентирано нови преземени средства и, соодветно, нема издвоено загуба поради оштетување на нефинансиските средства.

Во делот на останатите приходи од дејноста, Банката го задржа речиси истото ниво во однос на минатата година, додека кај нето-приходите од курсни разлики, оствари незначително намалување.

Позицијата трошоци за вработените забележа зголемување за 5,42% во однос на минатата година, поради растот на бројот на вработените и континуираното вложување во постојните вработени.

Напредокот во делот на оперативната ефикасност се гледа и преку остварените заштеди евидентирани во позицијата останати расходи од дејноста, при што истите се за 2,60% пониски од минатата година.

Продолжи со читање

Домашни банки

Сити Банка ја награди Комерцијална банка како најдобра во меѓународните плаќања во 2017 година

Објавено

на

Како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања во долари и оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на Best Performance STP Excellence award од  Citi Bank: 2017 US Dollar payments STP Excellence Award – Best Performance. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

МФ, УЈП и МБА ќе соработуваат за целосна заштита на податоците на граѓаните

Објавено

на

Министерството за финансии и Управата за јавни приходи одржаа состанок со Македонската Банкарска Асоцијација во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за банките. Беше договорено прецизирање на текстот кое ќе се имплементира во новиот текст на Законот.

Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава.

Податоците кои ќе ги добива УЈП ќе бидат „енкриптирани“ со цел да се заштитат личните податоци на граѓаните. Ова ниво на заштита е повисоко и од актуелното. Во насока на заштита на личните податоци, веќе се подготвуваат промени во Законот за Управата за јавни приходи.

Промените ќе стапат на сила од почетокот на 2019 година, бидејќи истите се потребни за изработка на претпополнетата годишна даночна пријава. Со ова како и во најголем дел од Европските земји граѓаните ќе се ослободат од пополнување на годишната даночна пријава.

Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постоечкото законодавство, според кое приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход.

УЈП и Македонската Банкарска Асоцијација ќе ја продолжат соработката со цел успешно да се имплементира законот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange