Connect with us

Осигурување

НБО: Премијата за животно осигурување продолжува да расте со двоцифрен процент

Објавено

на

Националното биро за осигурување ги објави податоците кои се однесуваат на осигурителниот пазар во Македонија за првото полугодие од годината. Според извештајот, споредено со истиот период минатата година, вкупната БПП (бруто полисирана премија) е во пораст од 6,87% и изнесува 5,26 милијарди денари.

Гледано по сектори, неживотното осигурување има раст од 5,52%, т.е. премијата е зголемена од 4,18 милијарди денари, на 4,41 милијарди денари. Животното осигурување го задржува трендот на двоцифрен раст и БПП е зголемена од 740 милиони денари на 850 милиони денари. Кај неживотното осигурување во пораст е БПП на полисите за осигурување на возила, од АО (5,01%) и каско (5,74%), туристичка помош (2,02%) и незгода (12,1%), додека премијата за имот е речиси непроменета.

Заклучно со крајот на јуни исплатени се 33.669 штети (6М2018: 29.893) со речиси 2 милијарди денари бруто штета, 5,84% повеќе од претходната година. Од нив 1,78 милијарди денари се исплатени на полиси од неживотно осигурување (4,34%), а 160 милиони денари се отштети исплатени на осигуреници од полиси за животно осигурување (+25,4%).

Кај пазарната концентрација, помеѓу компаниите кои работат во доменот на неживотно осигурување, Триглав и понатаму е на чело, со пазарно учество од 16,1% (6М2018: 18,18%), потоа следува Еуролинк со 13,22% (6М2018: 13,06%) и Осигурување Македонија со 12,47% (6М2018: 12,99%). Кај компаниите за животно осигурување, Уника, Винер и Триглав се компаниите кои бележат раст на уделот на пазарот, за сметка на двете водечки, Кроациа и Граве.

Доминантен канал за дистрибуција на полиси, иако неговиот процент се намалува, останува да биде директната продажба. На овој начин се склучени 53,25% од полисите. Втори по големина се брокерските друштва (25,27%), пред застапниците во осигурувањето (10,22%).

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав осигурување Живот и КБ Публикум со заеднички Унит линк производ

Објавено

на

Новите животни текови носат нови предизвици и потреба од развој на нови производи. Триглав осигурување Живот, по внимателно истражување, а следејќи ги потребите на клиентите, во своето портфолио на продукти понуди нов Унит линк производ со балансирана распределба на инвестираните средства, во осигурување на живот и инвестициски фонд. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав со раст на премијата и добивката и подобрена проценка на овогодинешниот профит

Објавено

на

Групацијата Триглав во првите девет месеци од годинава оствари раст на консолидираните бруто премии од осигурување од 10% (1,06 милијарди евра) во однос на истиот период минатата година, додека во управувањето со средствата на клиентите во инвестициски фондови и преку индивидуално управување, го зголеми обемот на средства со коишто управува за 21% (на 1,4 милијарди евра). Деветмесечната добивка на Групацијата пред оданочување изнесува 92,1 милиони евра, што е за 48 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно