Connect with us

Криптовалути

НБА гигант ќе исплаќа плати во биткоини

Објавено

на

Играчите и тренерите на НБА кошаркарскиот тим, Сакраменто Кингс ќе можат да ги примаат своите плати во биткоини, објави сопственикот на клубот.

„Ќе им понудам на сите во клубот да ги добијат своите плати во биткоини”, изјави Вивек Ранадив.

Според „Coindesk”, Ранадив ја објавил веста во „Clubhouse“, објаснувајќи дека тимот треба да објави официјално соопштение во текот на неделата.

Сакраменто Кингс беа првиот спортски клуб во светот кој во 2014 година објави дека прифаќа биткоини при купување билети и клупски предмети, а сега се лидери кога е во прашање и исплатата на кошаркарите и тренерскиот персонал.

Сакраменто Кингс е на 15-то место меѓу најскапите тимови во светот, а „Forbes“ го процени тимот на 1,82 милијарди долари.

Во последниве месеци, голем број други компании исто така почнаа да прифаќаат плаќања со биткоини. Слична практика има и во „Starbucks“ и „Best Buy“, како и во хотелите „Choice“. Од март, „Tesla“ исто така објави дека е можно да се купи автомобил со најпопуларната криптовалута во светот.

Биткоинот во моментов тргува со околу 57.000 американски долари откако ја премина границата од 60.000 долари во март.

Криптовалути

БИТКОИНОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ДО 100.000 ДОЛАРИ – Криптозимата заврши!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоин би можела да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на 2024 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)

Продолжи со читање

Популарно