Connect with us

Компании

На YouTube во ЕУ повеќе нема да бидат достапни многу популарни видеа

Објавено

на

Извршната директорка на YouTube, Сузан Војчички, веќе втор пат предупредува на потенцијалните негативни последици кои би можела да ги има директивата за заштита на авторските права во ЕУ врз корисниците, но и креаторите на видеа на YouTube и заработуваат од реклами, Во објава на блогот на Google таа вчера напиша дека во текот на минатата година исплатиле околу 800 милиони евра на креаторите на содржини на YouTube, односно повеќе од 1,5 милијарди евра на глобалната музичка индустрија само од голаси. Потсети и дека музичарите како Дуа Липа и Ед Ширан пред да потпишат договори со големи издавачки куќи својата популарност ја стекнаа токму на YouTube.

Со новата директива и спорниот член 13 работите би се промениле, а последиците би биле многу полоши од финансиската загуба, па корисниците на YouTube во Европската унија, нагласи Војчички, ќе изгубат пристап до многу видеа кои само во последниот месец се прегледани повеќе од 90 милијарди пати. Освен музичките видеа, може да бидат забранети и едукативни и научни видеа од повеќе од 35 милиони ЕУ канали, така што во оваа ситуација сите би изгубиле – корисниците нема да можат да ги гледаат содржините, а креаторите со оглед на малиот број прегледи, би имале помала заработка.

Според членот 13 од новата директива, платформите како YouTube би биле одговорни за објавените содржини заштитени со авторски права, а со примерот на популарната песна „Despacito“ шефицата на YouTube објасни колку е тоа тешко. Имено, за „Despacito“ постојат различни авторски права – од издавачки права до права врзани за снимањето на видеото, а иако YouTube има потпишано договор со повеќе страни, дел од носителите на правата за оваа песна и за спотот и понатаму се непознати. Дури и самите сопственици на авторски права често не можат да се договорат за тоа кој какви права има, а ако тие не можат да се договорат, би било невозможно да се очекува една платформа како YouTube сама да носи такви одлуки.

Ако директивата и членот 13 навистина бидат прифатени во таа форма, поради несигурности во врска со авторските права, како и потенцијало високи финансиски ризици кои би биле толку големи што ниедна компанија не би можела да ги издржи, YouTube можеби ќе мора да ги блокира таквите содржини.

Војчички вели дека YouTube веќе користи технологија за заштита на авторските права како што е програмата Content ID, која на сопствениците на авторски права им овозможува управување со правата и благодарение на неа тие заработуваат  – досега преку тој систем им се исплатени повеќе од 2,5 милијарди евра за користење на содржините. „Веруваме дека Content ID е најдобро решение за управување со правата на глобално ниво“ заклучи шефицата на YouTube.

Компании

Amazon продавниците без каси и касиери стигнуваат и во Европа

Објавено

на

Празниците се најдоброто време кога ја разбираме потребата за онлајн купување, затоа што гужвите низ продавниците се огромни. Дури и да го најдете тоа што ви треба за кратко време, сигурно ќе “заглавите„ на каса. Amazon е првиот бренд кој успеал да отвори продавница во која нема каси. Ваквиот концепт ќе станува се популарен во иднина.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања

Објавено

на

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања – IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Прогласени десетте добитници на престижното признание – Македонски квалитет 2018

Објавено

на

Во присуство на брojни гости, традиционално во рамки на манифестацијата Македонски Квалитет, беа прогласени десетте добитници на престижното признание за 2018 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на Република Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange