Connect with us

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото. 

Овие средства од котизациите од пријавите за учество во трката, ќе бидат искористени за засадување на нови зелени површини на локации низ Северна Македонија кои ќе бидат дефинирани во соработка со Македонски шуми. Со финансиските средства коишто беа собрани од ланското учество се набавија 8 000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе. 

Велосипедската трка која по вторпат се одржува во целосна организација на Халкбанк АД Скопје, има за цел да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесе кон зачувување на животната средина. 

Годинава, за учество во Halk Velo Green за првпат беше воведена категорија за деца од 6 до 12 години кои возеа 12 километри, како и категорија деца од 13 до 17 години кои возеа патека во должина од 22 километри. Додека пак, возрасните лица, како и лани возеа патека во должина од 22 километри во две категории, ПРО и ХОБИ. 

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно