Connect with us

Останато

На 18 и 19 април во Скопје ќе се одржи настанот „Жени во е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го најави својот прв настан од почетокот на своето делување. Се работи за дводневните обуки „Жени во е-трговија“ која се организира во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Настанот ќе вклучува обуки, работилници и тренинзи наменети за жени распределени кои ќе ги покријат речиси сите аспекти на е-трговијата кои се неопходни за секој кој сака да се инволвира во е-трговија односно да ги нуди своите производи/услуги за онлајн продажба.

Секој од предавачите и говорниците, искусен во својата област ќе понуди практични совети применливи за секој е-трговец или секоја засегната страна. Најавените говорници се:

Gillian Muessig – коосновач на Moz and Outlines Venture Group и генерален партнер во Sybilla Masters Fund
Anne F. Kennedy – основач на најголемиот конзорциум за дигитален маркетинг Global Search Engine Marketing
Oliver Pugh – коосновач на Stealth Startup
Д-р Нина Ангеловска, коосновач и извршен директор на Grouper.mk
Петар Ниновски, основач на Brainster.co
Даниела Милошевска – BastetNoir.com
Драган Јосифовски – Paket.mk
Сашко Неделков – DHL
Вељан Поповски – НЛБ Банка
Сузана Јошевска – Адвокатска канцеларија Станковиќ-Јошевска
Ива Трембалиева – Оперативен директор Grouper.mk

Агендата опфаќа теми како растот и развојот на е-трговијата во Македонија, предизвиците при водење на онлајн продажба, правната рамка и регулативата која ги засега е-трговците, плаќања, достава (кон дома и странство), маркетинг и промоција за е-трговија (email маркетинг, рекламирање на социјални медиуми), како да генерирате онлајн корисници и продажби, моќта на е-трговијата и успешни приказни во е-трговија од различни индустрии.

Конференцијата „Жени во е-трговија“ ќе се одржи на 18 и 19 април во Јавна соба.

Информирајте се повеќе за настанот и агендата на следниот линк. Вашето место може да го резервирате преку Grouper на следниот линк. Бројот на места е ограничен.

Останато

Дали е ова најдоброто CV кое сте го виделе?

Објавено

на

Пејџ решила да аплицира за работата која ја сака, но бидејќи креирањето кратка биографија и мотивациско писмо знаат да бидат досадни, таа решила на креативен начин да ги прикаже своите квалитети. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Коста Митровски е нов претседател на новоформираната Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

На 20 април 2018 година во Скопје се одржа Основачко собрание на Здружение за остварување на заеднички интереси на банките и унапредување на нивното работење, Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Владимир Косијер е нов генерален директор на Пивара Скопје

Објавено

на

Од 1 мај 2018-та функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа на местото на Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange