Connect with us

Домашни банки

На 15.09.2020 година ќе започне исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје

Објавено

на

Фонд за осигурување на депозити ги информира депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување и јавноста дека на ден 15.09.2020 година, вторник, ќе започне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.

Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки и тоа на следниот начин:

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите А, Б, В, Г и Д ќе се исплаќаат во експозитурите на “Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ ќе се исплаќаат во експозитурите на “НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на “Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на “Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија.

Депонентите – самостојни вршители на дејност со личен труд кои во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокат Име Презиме или Извршител Име Презиме или со назив на дејноста, на пример, Месарница, своето обесштетување ќе го подигнат според првата буква од називот.

Тие покрај документ за идентификација (лична карта, пасош) потребно е да приложат доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба).

Пример: Адвокат Петар Петровски се смета за депонент чиј назив започнува со буквата А.

Пример: ТП Петар Петров се смета за депонент чиј назив започнува со буквата Т.

Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката да го оствари правото на обесштетување. За да се оствари правото на исплата на обесштетувањето, депонентот мора да ја подигне и потпише Потврдата на шалтер во банката исплатувач каде е распределен за подигнување на средствата.

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.

Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на полномоштво заверено од нотар.

Во случај кога сопственикот на депозитот е починато лице, неговите наследници треба да се обратат во Фондот за осигурување на депозити и да приложат документи за идентификација и наследно решение со цел да се спроведе исплатата на обесштетувањето.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Во случај депонентот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

Секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно 3 години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

По истекот на овој временски период (3 години), депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките – исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување.

Информации за јавноста на:
– е-адреса: info@fodsk.org.mk или на телефонски броj 02/ 3235-730, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно