Connect with us

Лични финансии

На што ја трошиме платата?

Објавено

на

Парите што влегуваат во домаќинствата најчесто се од плата или пензија, а освен за храна, комуналии и домување, граѓаните се повеќе пари трошат на отплата на кредитите. Според најновите податоци кои се однесуваат за 2017 година, секое домаќинство троши за кредитни рати, дури 4% од вкупните месечни примања, во просек. Овој процент расте од година в година што упатува секако на зголемената задолженост на македонските домаќинства.

Податоците од Државниот завод за статстика кои ги обработи и Народната банка во најновиот извештај покажуваат дека ако се анализираат приливите, расположливите парични средства на домаќинствата во најголем дел се однесуваат на редовни и повремени примања од работен однос и старосни, инвалидски и семејни пензии. Значително помал дел зафаќаат примањата од постојани или повремени хонорарни активности и нетопримањата од земјоделството.

Инаку соодносот помеѓу употребените и расположливите пари на домаќинствата во 2017 година е речиси непроменет и веќе втора последователна година искористените не ги апсорбираат во целост расположливите парични средства, што создава простор за остварување повисоки заштеди.

 

Лични финансии

Што претставува каматно-каматниот ефект или попознат како сложена камата?

Објавено

на

Еден од најпознатите научници во историјата, Алберт Ајнштајн ја опишал сложената камата како “Осмо Светско чудо”. Тој додал дека оној кој го разбира овој ефект, заработува многу, тој што не го разбира, подоцна скапо го плаќа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Променете ги навиките и почнете да штедите

Објавено

на

Сликата што ни ја дава статистиката за повисоки плати и ниска инфлација се замаглува ако се обидете да ја наполните кошничката во некоја од домашните продавници и супермаркети. Кога ќе се спореди фискалната сметка и она што сме го ставиле во торбата по пазарењето, неизбежно доаѓа прашањето „Каде ми отидоа парите?“. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

БИЛ ГЕЈТС: Треба да си поставите 4 прашања за да го оцените квалитетот на вашиот живот

Објавено

на

Бил Гејтс има 63 години. Тој во целост се согласува со фактот дека воопшто не е истата личност која бше кога ја основаше компанијата “Microsoft”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange