Connect with us

Анализи

На што најмногу трошат пари ултра-богатите луѓе!?

Објавено

на

Според податоците на компанијата Wealth-X, претходната година биле евидентирани 23 милиони ултра-богати луѓе во светот, чие богатство изнесува 62.000 милијарди долари.

Повеќето од нив живеат во САД, што опфаќа околу 40 проценти од богатото население во светот. Но, и меѓу богатите постојат различни категории. Имено, постојат богати и ултра-богати, пренесува порталот Swot.ba.

На пример, компанијата Wealth-X како богати ги категоризираше оние луѓе кои имаат помеѓу 1 и 30 милиони долари. Сепак, повеќето од оваа категорија се на самото дно, затоа што имаат помеѓу еден милион и пет милиони долари.

Ултра-богати се оние луѓе кои имаат повеќе од 30 милиони долари. Се разбира, кога имате толку многу пари, се поставува прашањето на што ги трошите?

Иако за многумина звучи чудно, најбогатите луѓе во светот многу пари даваат во донации. Имено, филантропијата е многу важна како за ултра-богатите, така за оние супер-богатите.

Дури 57% од ултра богаташите велат дека дарување пари за добротворни цели е еден од нивните приоритети.

Иако, во годините по рецесијата, филантропијата беше во криза, во последниве години има јасни индикации дека таа се врати на претходното ниво.

За тоа најдобро говорат и таканаречените мегаподароци. Имено, само минатата година, Џеф и Мекензи Безос дадоа 2 милијарди долари на “Еден ден фондацијата”, за бездомници. Друг познат американски милијардер, Мајкл Блумберг даде 1,8 милијарди долари на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Најпопуларните области за давање донации од богатите се образованието, уметноста, културата и здравјето.

Сепак, по филантропијата, овие луѓе даваат огромни пари и за она што го сметаат за своја страст и хоби. Па така, многу од нив инвестираат во спортот.

Кога станува збор за американските богаташи, на прво место е голфот, потоа НФЛ, скијање, кошарка и безбол.

Нашите богаташи, исто така, голем дел од своето богатство го донираат за хуманитарни цели. Но, ниту тие не се имуни на спортот, па така најмногу инвестираат во фудбалот и ракометот, па потоа кошарката, одбојката итн.

 

Анализи

Се поголем е бројот на банкари – милионери!

Објавено

на

Банките се едни од најпрофитните организации, како во светот, така и во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange