Connect with us

Домашни банки

На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци

Објавено

на

Во првиот квартал од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со остварување успешни финансиски резултати. Имено, и покрај големите предизвици што пандемијата на ковид-19 веќе подолго од една година им ги наметнува на сите економски фактори и многу пошироко, финансиските резултати на Стопанска банка АД Скопје за првите три месеци од оваа година претставуваат континуитет на долгогодишното успешно работење на Банката како резултат на здравите фундаменти врз кои е поставена, заедно со успешниот бизнис-модел, кој ефикасно се остварува во секојдневното работење.

Така, во првиот квартал од 2021 година, во текот на кој кризата предизвикана од ковид-19сè уште интензивно трае, Банката оствари добивка пред оданочување во износ од 566.310 илјади МКД. Во споредба со истиот период од претходната година, кој доминантно може да се карактеризира како период пред ковид-19, се забележува намалување од 7 %, што е последица на пандемијата и, пред сè, резултат на прудентниот пристап на Банката и на повисоката исправка на вредноста за кредитното портфолио во однос на истиот период од минатата година.

Притоа, вкупната актива на Банката на 31.3.2021 година изнесува 106.284.545 илјади МКД и е на исто ниво во однос на крајот на минатата година.

Во натамошниот текст ќе бидат претставени одделните позиции од билансот на успех и од билансот на состојба на Банката.

Биланс на успех

Нето-приходите од камати изнесуваат 918.985 илјади МКД и се незначително намалени, за 1%, во однос на истиот период од минатата година, пред сè како резултат на намалените каматни стапки.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 203.390 илјади денари и се зголемени за 9% во однос на првиот квартал од 2020 година.

Нето-приходите од курсни разлики се речиси на исто ниво во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 29.850 илјади МКД.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 9% и изнесуваат 86.163 илјади МКД.

Оперативните трошоци (трошоци за вработени, амортизација и други расходи) во првиот квартал од годината изнесуваат 434.507 илјади денари и се пониски за 1% во однос на истиот период од минатата година.

Исправката на вредноста на финансиските средства изнесува 240.618 илјади МКД и е поголема за 35%, односно 62.877 илјади МКД во однос на анализираниот период од минатата година. Ова е резултат на прудентниот пристап на Банката во однос на исправката на вредноста за кредитното портфолио во услови на криза предизвикана од ковид-19 и влијае на натамошно засилување на нејзината веќе изградена силна капитална позиција.

Добивката пред оданочување изнесува 566.310 илјади МКД и е пониска за 7% во однос на првиот квартал од минатата година, како резултат на претходно наведените причини, а пред сè на прудентниот пристап на Банката и на повисоката исправка на вредноста на финансиските средства.

Биланс на состојба

Вкупната актива изнесува 106.284.545 илјади денари и е на исто ниво во однос на крајот на минатата година.

Паричните средства и парични еквиваленти во споредба со крајот на 2020 година се пониски за 818.200 илјади денари, односно за 5 %, како резултат на употреба на овие средства во кредитен пораст и зголемување на портфолиото на хартии од вредност.

Кредитите на и побарувања од други комитенти остварија пораст од 1% во услови на пандемија и изнесуваат 71.940.468 илјади МКД.

Кредитите на и побарувањата од банки изнесуваат 234.248 илјади денари и бележат зголемување од 4 %.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 14.895.755 илјади денари, што претставува зголемување од 1 % во однос на минатата година.

Останатите побарувања се на исто ниво и изнесуваат 1.482.779 илјади МКД.

Вкупните депозити на други комитенти се на исто ниво во однос на крајот на 2020 година,кога вообичаено нивото на депозити е највисоко поради исплатите на плати и на пензии пред престојните новогодишни празници и изнесуваат 86.303.853 илјади денари, додека во споредба со крајот на истиот квартал од минатата година, вкупните депозити остварија пораст од 3.802.460 илјади МКД, односно 4,6%.

Капиталот и резервите изнесуваат 17.889.800 илјади денари, што претставува зголемување за 3% во однос на крајот на 2020 година.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижен имот, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Недвижностите и опремата бележат намалување за 2%.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30% во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).

Обврските по кредити изнесуваат 523.334 илјади денари и се намалени за 6.206 илјади денари.

Очекувања за претстојниот период

Во согласност со објавените макроекономски проекции од страна на соодветни институции, економијата во 2021 година се очекува да оствари пораст на домашниот бруто-производ,кој би се движел во рамки од 3,5% до 4%. Буџетскиот дефицит на крајот од годината изнесуваше 8,1% од БДП, додека за следната година е проектиран на ниво од 4,9%. На 31.12.2020 јавниот долг изнесуваше 60,2% од БДП при што најголемиот раст го имаше во вториот квартал по емитувањето на седмата Еврообврзница и кредитот од ММФ. Според последната проекција на НБРСМ за 2021 година, се очекува кредитен и депозитен пораст од околу 6% за 2021 година.

Во тој контекст, предвидувањата на Банката, како банка со најголема капитална основа и со најголемо кредитно портфолио во земјата, се да се движи во линија на порастот на пазарот, со очекување да го зголеми пазарното учество во корпоративниот сектор, да го задржи водечкото пазарно учество во секторот на население, со понуда на услови и на цени што се во согласност со конкуренцијата, притоа почитувајќи ги принципите за прудентно работење во својата кредитна политика.

Во делот на депозитното работење, Банката планира задржување на конкурентските услови и понуда на депозити што ќе ги следат потребите на клиентите, како и осовременување на начинот на комуникација со клиентите во овој сегмент.

Како и досега, надградбата и осовременувањето на дигиталните канали на комуникација и оператива ќе бидат приоритет во проектното портфолио на Банката. Секако, грижата за вработените и континуираното функционирање на Банката на услуга на клиентите останува да биде примарен фокус на менаџментот, како и во досегашниот период.

Известување за промени во сметководната политика и во методите на вреднување

Во анализираниот период од 2021 година нема промени во сметководната политика и во методите на вреднување.

Исплатени дивиденди

Во првиот квартал од 2021 година Банката нема извршено исплата на дивиденда.

Домашни банки

НОВО ПАРТНЕРСТВО: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со заедничка соработка во животното осигурување

Објавено

на

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

Објавено

на

Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк ги повика корисниците да се вклучат со објава на фотографија во која ја прават позата што симболизира дрво. Се вклучија голем број корисници кои ја дадоа својата поддршка и придонес за подигнувањето на свеста за важноста на животната средина. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Соопштение за неработни денови – Велигден 2021

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека по повод престојните велигденски празници, филијалите на банката нема да работат на 30.04.2021 (петок) и 03.05.2021 (понеделник).
(more…)

Продолжи со читање


Популарно