Домашни банки
„На кино со баба и дедо“ иницијатива за создавање незаборавни спомени

„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат.
Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ која се однесува на поддршка на повозрасните лица, в недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“.
Иницијативата е дел од големата кампања на Halkbank за поддршка на возрасните „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа:
„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат. Изборот на „Мирно лето“ исто така не е случаен, тој е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетсување на семејните вредности, што пак буди и носталгија. Идејата е да најдеме време да им покажеме на оние кои нè пораснаа дека ни значат, дека од нив сè уште можеме да ги слушнеме најубавите приказни, најважните совети и да им ја подариме најтоплата прегратка”– вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, покровители на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“.
За сите нив кинопроекцијата в недела е бесплатна, а во соработка со Кинотеката и со домовите на културата, слични киноприкажувањa се предвидени низ повеќе градови. Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година, вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk
„Да ги гушнеме и слушнеме“ e повик за кратка пауза во брзото секојдневие, да застанеме и за миг да помислиме на оние кои се вградија во нашата и идинината на нашите деца, велат организаторите.
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка