Домашни банки
На „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза, Комерцијална банка овозможи тргување со акции без провизија!


Комерцијална банка и оваа година активно се вклучи во одбележување на „Инвеститорскиот ден“ на Македонската берза денес, (13.09.2021 година) и на домашните физички лица им овозможи да купуваат или продаваат акции без плаќање провизија за брокерски услуги кон Банката.
Целта на оваа иницијатива е промовирање на уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонската берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава. Од тие причини, на „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива. При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови:
- Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од наведените членки на Берзата;
- Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
- Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.
Иницијативата на Македонската берза е прифатена и во неа активно се вклучија Централниот депозитар за хартии од вредност, осум членки на Берзата, а доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје


Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Домашни банки
НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”


НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје