Останато
На еврозоната и се заканува рецесија


Министрите за економија во еврозоната предупредија на ризик од рецесија поради „вториот бран“ на пандемијата на коронавирусот и повикаа на одржување фискална политика прилагодена на растот.
„Заострувањето на рестриктивните мерки, се разбира, ќе има влијание врз економската активност”, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони по видео-конференцијата во Еврогрупата пред полноќ.
Тој се надева дека економскиот шок ќе биде послаб отколку во „првиот бран“ на пандемијата минатата пролет.
„Компаниите и вработените се подобро подготвени да работат од далечина, но во исто време постои неизвесност за времетраењето на вториот бран”, објасни тој.
„Секторот за услуги, а особено туристичкото сместување, културата и забавата, ќе бидат најтешко погодени”, нагласи тој.
Паскал Донохју, претседател на Еврогрупата на министри на 19 земји од еврозоната, ја повтори својата „посветеност кон невидена политика за поддршка на буџетот“.
„Јасно е дека сите европски земји сега се наоѓаат во „вториот бран” на пандемијата. Оваа влошена здравствена состојба силно ги погодува нашите економии и значително го зголеми ризикот од рецесија во еврозоната”, изјави Клаус Реглинг, директор на Европскиот механизам за стабилност ЕСМ), систем за управување со финансиска криза во еврозоната.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје