Connect with us

Останато

На еврозоната и се заканува распад!?

Објавено

на

Рецесијата како резултат на коронавирусот се повеќе се влошува, се заканува дури и со колапс на еврозоната, рече еврокомесарот за економија Паоло Џентилони во интервју за „Велта“.

Џентилони истакна дека економиите на Италија, Франција и Шпанија паѓаат за 10-11 проценти, а БДП на Данска, Полска, Шведска и Германија ќе се намали за 4-6 проценти.

„Најновите економски податоци предупредуваат дека рецесијата е подлабока од очекуваното, економскиот развој на земјите во еврозоната станува нерамномерен и е далеку од првичните прогнози во пролетта. Она за што секогаш предупредувавме сега е потврдено и е реалност: Поради рецесијата како резултат на ковид-19 и се заканува на колапс на еврозоната“, изјави еврокомесарот.

Според него, земјите од ЕУ треба што поскоро да се договорат за план за обнова на економијата, со цел да се зајакне довербата во националната економија.

Претходно, Европската комисија претстави предлог за формирање фонд за спас на ЕУ во висина од 750 милијарди евра. Како што беше планирано, земјите-членки на Унијата ќе добијат помош во форма на грантови (до 500 милијарди евра). Европската комисија овој предлог ќе го достави до земјите-членки на ЕУ и до Европскиот парламент. Тој план секако може да претрпи и промени.

Светската здравствена организација во март објави пандемија на Ковид-19 попознат како коронавирус. Според најновите податоци на СЗО, повеќе од 12,1 милиони случаи заболени од Ковид-19 се откриени низ целиот свет, додека повеќе од 551 илјади луѓе починале како последица на заболување од вирусот. Но, уште позагрижувачки е податокот дека на пандемијата не и се гледа крајот, туку секојдневно има се поголем број заболени, а експертите предупредуваат на нов уште подеструктивен бран на коронавирусот.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно