Connect with us

Форекс

На Волстрит се тргуваше внимателно, S&P 500 остана практично непроменет

Објавено

на

На Волстрит се тргуваше внимателно вчера при што индексот „S&P 500″ остана практично непроменет бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици поради зголемените приноси на обврзници и можното зголемување на каматните стапки порано од очекуваното.

„Dow Jones” падна за 12 поени, или 0,04 проценти, на 36.087 поени, а „Nasdaq” индексот се намали за 0,04 отсто, на 15.853 поени. „S&P 500″, пак, остана речиси непроменет на 4.682 поени.

На најголемата светска берза вчера се тргуваше многу претпазливо бидејќи од една страна, пазарот е поддржан од добри макроекономски показатели, додека од друга страна е под притисок поради зголемените приноси на обврзниците бидејќи високата инфлација може да ја принуди ФЕД да ги зголеми каматните стапки наскоро.

„Волстрит е прилично фокусиран на развојот на пазарот на обврзници. Приносите на обврзниците растат, а тоа може да биде сигнал дека има голема нервоза на пазарот, дека ФЕД може да доцни со зголемувањето на каматните стапки, што би значело дека подоцна ќе мора побрзо да ги подигне, со оглед на инфлаторните притисоци”, објаснува Ед Моја, аналитичар во ОАНДА.

Минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во октомври пораснале за 6,2 отсто на годишно ниво, што е најмногу во последните 30 години. Со тоа, инфлацијата пет месеци по ред е над 5 отсто, што е значително над целта на американската централна банка од 2 отсто.

Инвеститорите стравуваат дека поради растот на цените на суровините и прекините во синџирите на снабдување, високата инфлација би можела да трае подолго отколку што се надеваа многумина, вклучително и ФЕД. И тоа би можело да ја принуди централната банка да ги зголеми клучните каматни стапки порано од очекуваното.

Меѓу 11-те најважни сектори на индексот „S&P 500″, вчера најмногу паднаа цените на акциите во рударскиот сектор, за 0,4 отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат дека слабоста на кинескиот пазар на недвижности може да предизвика пад на побарувачката за метали и други суровини. материјали.

Инвеститорите оваа недела ќе се фокусираат на кварталните деловни резултати на голем број големи трговски синџири, како што се Walmart и Target, како и извештајот за прометот на трговијата на мало во октомври, кој ќе покаже колку расте американската потрошувачка.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски „FTSE индекс” зајакна 0,05 отсто, на 7.351 поен, додека франкфуртски DAX зајакна 0,34 отсто, на 16.148 поени, а париски CAC 0,52 отсто, на 7.128 поени.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно