Connect with us

Business Woman

На вкусен ручек со Ирина Јаневска од coolinari.mk

Објавено

на

Coolinari.mk е идеја во доменот на социјалното претприемништво. Како таква се развива успешно веќе неколку години и има големо влијание во дејноста на кулинарството и успева да направи промена.

Ирина Јаневска, ќе ни објасни кон што се стремат нивните кулинари, што постигнале до сега и што е тоа што ги прави социјално претрпријатие.

Банкарство: Како дојде до идејата за coolinari.mk?

Ирина: Долгата приказна раскажана на кратко, е дека пред неколку години, решени дека сакаме да работиме заедно, со еден пријател посетувавме обука за отварање на стартап, и бевме воодушевени од младите угостители кои вториот ден од обуката беа задолжени за припрема и послужување на ручекот за сите учесници. По самото завршување на обуката се појави повик за поддршка на социјално претприемништво, и така, еден ИТ мозок и една активистка, одлучија да побараат поддршка за финансирање на идејата „Младинска професионална кујна: нови технологии за социјален бизнис“. Поддршка добивме, проектот доби свои мобилни апликации „ Рецептко“ и „Мојкетеринг“ и брендинг со препознатлив слоган „Кул е да си кулинар“. Така почнавме и така coolinari.mk стана еден од најпрепознатливите проекти на здружението „АРНО“.

Банкарство: Интересно е да се напомене дека работите со средношколци од СУГС “Лазар Танев„ за неформална едукација околу кулинарството. Тука се и часовите за готвење. Какво влијание имаат вашите активности врз средношколците, но и врз општеството?

Ирина: Младите ученици-готвачи се големи сунѓерџиња. Програмата за неформално образование ја почнуваме секоја година  со гледање и дискусија на филмот „Рататуи“- филм за глувче кое сонува да стане познат готвач. Во текот на годината организиравме Часови за готвење на кои самите ученици беа асистенти на познатите готвачи (Марк де Јонг, Маре Јаневска и др.),но им помагаа и на учесниците. На почетокот секој час за готвење го отвара ученик- готвач со вовед во хигиена, правилно држење на нож и техники за сецкање. За време на викендите со учениците одржуваме работилници заCV, фотографирање на храна, објавување на Фејсбук и твитер за себе-промоција, обуки за лидерство, комуникациски вештини. Сите овие обуки генерираат млади кои не само што се помотивирани за својата кариера, туку се и подобро подготвени со соодветни вештини за пазарот на труд. Тие полесно наоѓаат работа, преговараат за плата, и свесни се дека треба да напредуваат и учат.

Банкарство: Вие сте еден од победниците на Наградата за социјално претприемништво. Како оваа награда го смени патот на coolinri.mk?

Ирина: Првиот наш обид беше доста амбициозен за 2013-та година, користењето на ИТ техологии беше неколку чекори понапред од вистинска слика во реалност. Благодарение на Наградата за социјално претприемништво се вративме во офлајн светот. Сфативме дека за вистински да ги мотивираме учениците, пред се, треба да ги изградиме нивните вештини, а од друга страна за да го промовираме стручното образование треба да покажеме колку готвењето е атрактивно и посакувано, и за кариера , и за хоби. Преку Наградата за социјално претприемништво исто така вистински „се пробавме“ на пазарот, и сфативме колку е различен комерцијален наспроти НВО-пристап. Со искуството зад себе, сега повторно ќе нудиме/продаваме „Часови за готвење“ во соработка со „Лазар Танев“ , но овој пат и во проширено партнерство заедно со Здружението за заштита, промоција и едукација за храна „Слоу фуд Водно“.

Банкарство: Која според Вас е важноста на социјалното претприемништво за едно општество, а особено за држава која сеуште е во развој?

Ирина: За мене социјалното претприемништво е граѓански одговор на капитализмот. Во свет со ваква динамика и односи, во целата трка за профит, компаниите ги забораваат оние на маргините и не се грижат многу  за еколошките ризици. Социјалните претпријатија наспроти тоа, поради силната социјална мисија се грижат за сите, и се грижат и за околината.  Одржливоста на социјалните претпријатија е потешка, потребна е голема свест кај граѓаните и сите чинители. За државите во развој, или на пример во Македонија каде пазарот е мал,  тешко е, но не и неизводливо  функционирањето на социјалните претпријатија. Ние имаме и пример за кооперативи од минатото, а имаме и голем индекс на солидарност што ќе каже всушност дека луѓето ценат кога некој производ/услуга има повисока социјална цел.

Банкарство: Како дојдовте до идејата за mojketering.mk?

Ирина: СУГС „Лазар Танев“ во рамки на своето работење нуди  кетеринг  услуги, кои се дел од нивна социјално- претприемничка активност. Токму овие кетеринг услуги беа нашиот прв контакт и  не’ воодушевија и инспирираа да работиме со училиштето.  Она што го забележавме  е дека иако има голема понуда, пристојни цени и професионална услуга, граѓаните малку знаат за кетерингот. Одлучивме да ангажираме фотограф кој изработи фотографии од целата понуда, веб дизајнер и програмер кои ја создадоа дестинацијата www.mojketering.mk . Ние преку различни активности ја промовираме оваа услуга од училиштето. Институциите во голема мера ги користат услугите, а благодарение на промоцијата од „АРНО“ оваа веб-страница беше вистински посетена и користена.

Банкарство: Која е Вашата најголема мотивација во работењето?

Ирина: Доколку зборувам за coolinari.mk, нема да кријам дека како гурман особено ме привлекуваат многуте вкусови, заедничкото готвење, учењето еден од друг и дружбата со младите. Сепак најголема мотивација ми е кога гледам со колку малку интервенција и поттик можеме да смениме животи. Особено ме радува кога наместо првична замисла на учениците-готвачи да работат како келнери поради бакшиш, тие се враќаат кон своите готвачки кариери и напредуваат, се вработуваат во реномирани локали и се отворени да учат и понатака.

Business Woman

Илина Вељановска: Sozdadi.com претставува платформа за водење сопствен бизнис!

Објавено

на

Sozdadi.com е прва платформа за поддршка на претприемништвото која работи низ целиот регион. Преку продажба и промоција на ракотворби и домашни производи, ваквата платформа има за цел да ги интегрира знаењето и креативноста како основен човечки ресурс и потенцијал и воеднo претставува инспирација за започнување на свој сопствен бизнис. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Стефаниа Златку: Your Secret CRUSH е македонски бренд за козметика кој ги освојува срцата на девојките

Објавено

на

Стефаниа Златку е младата и амбициозна дама која стои зад Your Secret CRUSH – македонскиот бренд за природна козметика на база на кафе и природни масла кој буквално ги освојува срцата на девојките. (more…)

Продолжи со читање

Business Woman

Ангелина Блажеска: Fit Kit апликацијата нуди бројни можности за вежбање!

Објавено

на

Ангелина Блажеска е креаторот на FitKit – првата македонска мобилна апликација која овозможува вежбање во најдобрите фитнес и спортски центри во Скопје.  (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange