Форекс
На Азиските берзи зголемени цени на акциите, доларот ослабна по високиот раст изминатиов период


На повеќето азиски берзи, цените на акциите се зголемија денеска, како и на Волстрит претходниот ден, а инвеститорите беа охрабрени од дополнителен стимулативен пакет за јапонската економија вреден рекордни 490 милијарди долари.
Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,3 отсто околу 7 часот наутро, но се уште е на пат за неделна загуба. На токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,2 и 0,8 отсто. Во Хонг Конг, пак, тие паднаа за повеќе од 1 процент.
Азиските инвеститори се охрабрени од новиот стимулативен пакет во Јапонија во вредност од рекордни 490 милијарди долари, со кој новиот премиер Фумио Кишида има намера да го ублажи влијанието на кризата со корона врз третата по големина светска економија.
Поддршка на пазарот обезбедува и вчерашниот рекорден опсег на индексот S&P 500 на Волстрит, како и Nasdaq, благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од малопродажните синџири Macy’s и Kohl’s.
И на девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути намали вредност.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 95,62 поени, додека во средината на неделата беше над 96 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од повеќе од 114,90 јени, највисоко ниво во речиси пет години, на 114,35 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, достигнувајќи ја цената на еврото до 1,1355 долари, откако вчера падна на 1,1263 долари, ново најниско ниво од јули минатата година.
Цените на нафтата, пак, закрепнуваат, откако кон средината на неделата паднаа на најниско ниво во последните шест недели.
На лондонскиот пазар цената на барелот зајакна за 0,10 отсто, на 81,42 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,15 отсто на 79,12 долари.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје