Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Најтргувани акции за јануари се акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол

Објавено

на

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година. Според податоците од извештајот, за периодот од 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 година за 24,63%.

Класичното тргување изнесува 257.475.051 денари и е намалено во однос на декември за 12,97%, кога изнесувало 295.846.210.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 252.860.997 денари и обврзници во вредност од 4.614.054 денари.

Просечниот дневен промет изнесувал 12.260.717 денари или просечно по 62 трансакции на ден.

Блок трансакциите во јануари изнесувале 201.888.437 денари и се зголемени за 89,25% во однос на декември претходната година.

Бројот на трансакции во јануари изнесува 1.304 и бележи намалување за 6,25% во однос на декември 2018 година, кога вкупниот број на транксации бил 1.391.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за првиот месец од годината се акциите на Комерцијална банка АД Скопје, потоа следат акциите на Алкалоид АД Скопје, а  акциите на Макпетрол АД Скопје трети најтргувани акции во јануари.

Најголем дел од прометот зафаќаат акциите на Комерцијална банка АД Скопје со 284 трансакции и 29,56% учество. Кај Алкалоид се реализирани 208 трансакции или 24,17% од вкупниот промет, додека пак кај Макпетрол се реализирани 152 трансакции или 11,46% учество во вкупниот промет.

Останато

Портите на ИТ светот беа отворени за најмалите од прво и второ одделение

Објавено

на

Во вторник, 23-ти април и четврток, 25-ти април, вратите на Мајкрософт Македонија беа широко отворени за да ги пречекаат супер хероите на иднината. Во нивна посета беа околу 100 дечиња од неколку основни училишта од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Серена Вилијамс инвестира во криптовалути!?

Објавено

на

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс на својот Инстаграм профил објави дека има инвестиција во берзата за криптовалути Coinbase. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфо ден за промоција на можности за финансирање на фирми

Објавено

на

Во Скопје денеска ќе се одржи Инфо ден за промоција на можности за финансирање во рамки на проектот Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange