Connect with us

Форекс

Најтргувани акции за септември биле акциите на Комерцијална Банка АД Скопје

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2019 година вкупниот промет изнесува 731.880.458 денари и е зголемен за 117,71% во однос на претходниот месец август.

Класичното тргување изнесува 458.036.398 денари и е зголемено во однос на август за 52,79%.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 446.771.560 денари и обврзници во вредност од 11.264.838 денари.

Блок трансакциите во септември изнесувале 181.180.985 денари и бележат раст од неверојатни 398,03%.

Бројот на трансакции во септември изнесувал 1.885, дури 411 трансакции повеќе во однос на август, со што бележи пораст за 27,88%.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за септември беа акциите на Комерцијална Банка АД Скопје, со вкупно 17.280 истргувани акции. На второто место се наоѓаат акциите на Макпетрол АД Скопје, а акциите на Алкалоид АД Скопје го заземаа третото место.

Целосниот месечен статистички билтен за септември 2019 година можете да го погледнете на следниов линк.

Форекс

Руската рубља е најпотценета валута во светот!?

Објавено

на

Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот повторно паѓа, цената на нафтата расте

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на нафтата во пораст од 8 проценти

Објавено

на

На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за 8 проценти за само една недела. (more…)

Продолжи со читање

Популарно