Connect with us

Форекс

Најтргувани акциите на ТТК Банка и Мермерен комбинат Прилеп, еврото со вредност од 61.6142 денари

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Мермерен комбинат АД Прилеп, кои забележаа раст од солидни 2,96 проценти, пред акциите на ТТК Банка АД Скопје кои забележаа раст од 1,53%.

Минимален пораст имаше и кај акциите на Гранит АД Скопје од 0,23%, како и кај акциите на Макпетрол АД Скопје кои ја зголемија својата вредност за минимални 0,10%.

Покрај растот, имаше и компании кои забележаа пад на вредноста на акциите, а најпогодена од падот на вредноста на акциите беше Тетекс АД Тетово, чиишто акции ја намалија својата вредност за 3,11%. Акцијата на текстилната компанија Тетекс АД Тетово последниве денови е крајно флуктуирачка поради објавата за престанокот со работа.

Пад на вредноста на акциите забележаа и УНИБанка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6142 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.6984 денари, британската фунта изнесува 73.8957 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.9462 денари.

Форекс

Доларот ослабна петта недела по ред и достигна најниско ниво во последните две години

Објавено

на

На светските берзи на валути, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути минатата недела се намали, петта недела по ред, со што девизниот курс на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во последните 22 месеци. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Цените на златото и среброто рушат рекорди

Објавено

на

Вредноста на златото и на среброто утрово достигна највисоко ниво од 2011 односно од 2013 година. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Среда (15.07.2020 година) неработен и нетрговски ден на Македонска берза АД Скопје

Објавено

на

Согласно донесениот заклучок на Владата на Република Северна Македонија со кој 15 јули (среда) се определува за неработен ден заради непречено спроведување на изборниот процес за предвремените парламентарни избори, Македонска берза АД Скопје известува дека 15.07.2020 година (среда) е неработен и нетрговски ден. (more…)

Продолжи со читање

Популарно