Connect with us

Форекс

Најтргувани акциите на Тетекс и Алкалоид, еврото со вредност од 61.6949 денари

Објавено

на

Веќе неколку денови по ред најголем дел од акциите кои котираат на Македонска берза ја зголемуваат својата вредност. Пандемијата од коронавирусот што ги зафати светските берзи, веќе полека, но сигурно станува минато за Македонската берза, се врати довербата кај инвеститорите, а тоа најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

Последниот ден за тргување на Македонска берза беше во знакот на растот на вредноста на акциите, а најголем пораст на вредноста забележаа акциите на Тетекс АД Тетово и Алкалоид АД Скопје, кои забележаа раст од високи 4,47% односно 3,64 проценти соодветно.

Пораст на вредноста на акциите забележаа и Макпетрол АД Скопје од 3,52%, Комерцијална банка АД Скопје од 2,83% и НЛБ Банка АД Скопје од 2,80%.

Раст остварија и акциите на Стопанска банка АД Скопје и Гранит АД Скопје.

Покрај акциите кои ја зголемија својата вредност, имаше и компании кои ја загубија својата вредност на последниот ден за тргување. Најпогодени од падот беа акциите на ВВ Тиквеш АД Кавадарци кои забележаа пад на вредноста од 2,99%. Падот на вредноста на Македонската берза негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Македонијатурист АД Скопје, чиишто акции ја намалија својата вредност за минимални 0,22%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6949 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.9036 денари, британската фунта изнесува 70.6053 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.3624 денари.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во март?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2023 година вкупниот промет изнесува 496.838.797 денари и бележи енормен пораст од 124,40% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Руската рубља ја губи вредноста – падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Објавено

на

Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики: (more…)

Продолжи со читање

Популарно