Connect with us

Форекс

Најтргувани акциите на ОКТА и Алкалоид, еврото со вредност од 61.6950 денари

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата.

Сепак, иако довербата кај инвеститорите е вратена, последниве неколку денови нема поголеми флуктуации кај акциите, пред се поради неизвесноста околу претстојните парламентарни избори и нивниот датум на одржување.

На последниот ден за тргување на Македонска берза, најголем пораст на вредноста забележаа акциите на ОКТА АД Скопје, зголемувајќи ја вредноста за 3,69 проценти, пред акциите на Алкалоид АД Скопје, кои забележаа пораст на вредноста од 2,00%.

Пораст на вредноста забележаа и акциите на Цементарница УСЈЕ АД Скопје од 1,49%, како и акциите на УНИБанка АД Скопје, кои ја зголемија вредноста за 0,74%.

Минимален незначителен пад на вредноста забележаа акциите на Гранит АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје од 0,49% односно 0,43 проценти, соодветно.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.3013 денари, британската фунта изнесува 69.0425 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.2908 денари.

Форекс

Петкратно поголем интерес од инвеститорите за македонската еврообврзница издадена на 700 милиони евра со камата од 3,675%

Објавено

на

Република Северна Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година. Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Covid-19 кризата – најголемата економска криза после Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Видео конференција за регионалниот проект за инвестициски анализи

Објавено

на

По повод официјалното започнување на новиот регионален проект за изготвување на инвестициски анализи на котирани компании во регионот на ЈИЕ, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), беше одржана видео конференција. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ банка како котирани друштва на Македонската берза ќе бидат дел од регионалниот проект на ЕБОР

Објавено

на

Три акционерски друштва кои котираат на Македонска берза се избрани да учествуваат во проектот на ЕБОР што има за цел да ја зголеми јавната достапност на инвестициски анализи и со тоа да ја пополни информациската празнина од овој вид анализи за котираните компании во регионот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно