Странски банки
Најтежок стрес тест за банките досега – Под лупа 51 европска банка


Европскиот банкарски регулатор (EBA) ќе тестира 51 најголеми европски банки во наредните месеци.
Тоа ќе биде најтешкиот и најстрог стрес-тест досега, објави во петокот Европскиот банкарски регулатор (EBA). Исто така, за прв пат ќе бидат испитани ефектите од рецесијата, во комбинација со долгорочни ниски или негативни каматни стапки (по принцип „пониски подолго“). Спред ЕБА, резултатите треба да бидат објавени до крајот на јули.
Тестот се заснова на две сценарија. Првото сценарио се заснова на предвидувањата на националните централни банки за иден економски развој, а второто е кризно сценарио: институциите ќе мора да покажат дека сè уште ќе имаат доволно капитал во случај на пад на економското производство на ЕУ од 4,3 проценти до 2022 година, а притоа се соочуваат со невработеност од 3,5 процентни поени и голем пад на берзите и пазарот на недвижности.
Меѓу 51-та финансиска институција што треба да бидат тестирани, 35 институции се директно надгледувани од Европската централна банка (ЕЦБ) заради нивната важност и влијателност на пазарот.
И покрај тоа што Велика Британија ја напушти ЕУ, британските банки, исто така, мораат да го поминат стрес тестот, бидејќи транзициониот период на Брегзит трае до крајот на годината. Од Германија од страна на регулаторот ќе бидат тестирани „Deutsche bank”, „Commerz bank” и неколку други регионални банки, а од Австрија ќе се тестираат „Erste Group Bank AG”, како и „Raiffeisen Bank International”.
Како и кај последниот голем стрес тест на банките, според ЕБА, не постои фиксна мерка според која некоја банка ќе успее или не да го положи тестот. Сепак, супервизорите ќе ги користат добиените резултати за да постават поединечни спецификации за секоја одделна финансиска институција, како дел од Годишниот преглед на банкарскиот систем (SREP).
Според ЕБА, тестот за европските финансиски институции е построг од стрес тестот спроведен од „Bank of England” наменет за британските банки, но не е толку ригорозен како стрес тестот на американските регулатори кои ги тестираат американските банки.
Со редизајн на стрес тестот, ЕБА реагира и на критиките од Европскиот суд на ревизори, кои ги обвини регулаторите дека се премногу лабави во однос на последната проверка на способноста на финансиските институции во 2018 година.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје