Форекс
Најслаба вредност на европската валута во однос на доларот во изминатите 20 години

На пазарот на валути во моментов едно евро вреди колку еден долар, што е најслаба вредност на европската валута во изминатите 20 години, а тоа е одраз на внимателноста на светскиот пазар на капитал, кога станува збор за состојбата во еврозоната, бидејќи Европа е многу потешко погодена со тешкотиите при снабдување енергија од САД, објави германската медиумска куќа „Deutsche welle”.
Како што се прецизира, за нијанса еврото и понатаму е минимално појјако од доларот, затоа што за едно евро се добива 1,0011 долари, додека апсолутно најнискиот крус беше неодамна по воведувањето на заедничката европска валута, во почетокот на мај 2001 година, кога еврото вредеше 83,8 американски центи.
И покрај значајни поскапувања, Европската централна банка заостанува зад мерките на другите земји. Па така, референтната каматна стапка беше подигната не само од американската банка ФЕД, туку и од Велика Британија и Швајцарија.
Затоа вредноста на еврото опаѓа веќе со седмици, не само во однос на американскиот долар, туку и на кинескиот јуан и на другите светски валути.
Но, како што наведува „Deutsche welle”, не се случува ништо драматично, бидејќи нема сериозни потешкотии во европската економија.
Форекс
Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)
Форекс
Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје