Connect with us

Анализи

Најпрофитабилната банка одобрила најмногу кредити во 2021 година!

Објавено

на

Според податоците на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2021 година, Стопанска банка АД – Скопје е банката која најмногу ги кредитира граѓаните, односно домаќинствата.

Така, од вкупните кредити на Банката, 51,6 милијарди денари се кредити одобрени на домаќинствата, а 28,2 милијарди денари се кредити одобрени на нефинансискиот сектор односно приватните компании.

НЛБ Банка АД Скопје е втората банка по одобрени кредити на домаќинствата и тоа на износ од 42,7 милијарди денари, а 27,4 милијарди денари на приватните компании.

Шпаркасе банка АД Скопје по спојувањето со Охридска банка се најде на третото место со одобрен износ за физички лица од 26,02 милијарди денари и 28,9 милијарди денари одобрени кредити на фирмите.

Халкбанк АД Скопје скоро подеднакво ги кредитира домаќинствата и приватните компании и тоа домаќинствата во износ од 24,3 милијарди денари, а приватните компании со 24,7 милијарди денари.

Комерцијална банка АД Скопје одобрила 18,6 милијарди денари на домаќинствата и 35,6 милијарди денари на приватните компании.

УНИБанка АД Скопје со износ од 11,6 милијарди денари за физички лица, Централна кооперативна банка со износ од 6,57 милијарди денари, ТТК Банка со 3,52, Силк Роуд Банка со износ од 3,66 милијарди денари за физички лица, се банки кои што повеќе ги кредитираат домаќинствата отколку приватните компании.

Стопанска банка а.д. Битола со износ од 3,41 милијарди денари речиси подеднакво ги кредитираат и домаќинствата и приватните компании.

Прокредит банка е ориентирана кон кредитирање на корпоративниот сектор каде што одобриле 28,39 милијарди денари за финансисрање на приватните компании, додека пак на домаќинствата им одобриле скромни 3,16 милијарди денари.

Капитал банка речиси подеднакво ги кредитира и домаќинствата и компаниите. Банката за изминатата 2021 година одобрила 894 милиони денари кредити на домаќинствата и 992 милиони денари на приватните компании.

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„Finance Think”: Сивата економија во 2020 година намалена во однос на 2006 година

Објавено

на

Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно