Connect with us

Криптовалути

Најпопуларната дигитална криптовалута повторно ја губи вредноста!?

Објавено

на

Најпознатата криптовалута биткоинот веќе втор ден по ред ја губи својата вредност, откако за време на викендот поточно во саботата (13-ти март) достигна рекордно највисоко ниво од 61.781,20 американски долари.

Тоа е висок раст од 5,77 проценти, додека пак бележи огромен пораст од 80% во 2021 година и неверојатни 570% во последните 12 месеци.

Но, со почетокот на новата недела и отварањето на берзите, биткоинот почна да ја намалува својата вредност достигнувајќи вредност од 53.571,18 американски долари или за помалку од 24 часа изгуби високи 8,210.02 американски долари од вредноста.

Во моментов цената на биткоинот изнесува 55.907,41 американски долари, но неговата вредност брзо се менува во зависност од информациите кои пристигнуваат до инвеститорите. Високиот пораст за време на викендот пред се се должи на потпишувањето на Законот за фискални стимулации од 1,9 трилиони долари од страна на американскиот претседател Џо Бајден, кој притоа порача дека со овој закон се предвидува придвижување на економијата, а воедно даде наредба за забрзување на процесот на вакцинацијата.

Криптовалути

Со појавата на новиот сој ОМИКРОН, крипто токенот „Омикрон“ ја зголеми вредноста за над 900%

Објавено

на

Се ближи крајот на 2021 година и веќе сè е токенизирано, односно криптовалутите се веќе секојдневие. Но, по големиот раст од неодамна, крипто пазарите и генерално криптовалутите паднаа минатата недела по веста за новата варијанта на коронавирусот Омикрон. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

“BITCOIN CITY” – Ел Салвадор сака да стане финансиски центар на светот!?

Објавено

на

Ел Салвадор планира да го изгради првиот „Биткоин град“ во светот, првично финансиран од обврзници поддржани од биткоини, најави претседателот на државата, Најиб Букеле. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

БАЛКАНОТ ПОЛУДЕ ПО КРИПТОВАЛУТИ – Побарувачката зголемена седумкратно, а вложуваат економисти, банкари, пензионери…

Објавено

на

Не само што светот полуде по биткоини и останати криптовалути туку и криптовалути почнаа масовно да се купуваат на Балканот, иако до неодамна дигиталните криптовалути беа табу тема. До пред само неколку месеци повеќето Балканци со незадоволство и неверување гледаа на овој „виртуелен свет“, а во моментов со криптовалути на големо се тргува и заработува. И тоа буквално сите тргуваат со криптовалути од економисти и банкари, до лекари, музичари, луѓе без работа, пензионери итн… (more…)

Продолжи со читање



Популарно